Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да играм, страста за натпреварување е секогаш со мене

April 23, 2025
1 min read

Светскиот рекет број 5, Новак Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во Мадрид одговори дали неговата мотивација е намалена по пензионирањето на Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.

– Можеби е така. Но, без мотивација не би бил тука. Не би играл повеќе, би го спуштил рекетот. Но, сè уште чувствувам желба да играм, страста за натпреварување е секогаш со мене. Се надевам дека ќе можам да го дадам најдоброто од себе. Грен слемовите се она што најмногу ме мотивира. Изјави Ѓоковиќ за „Tennis Up to Date“.

Триесет и седумгодишниот Србин е 24-кратен Грен слем шампион. Вкупно, тој освои 99 АТП титули во сингл во текот на неговата кариера.

Во 2024 година, Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз.

На Мастерсот во Мадрид што почнува денес, Ѓоковиќ во првото коло ќе биде слободен.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вулканот Килауеа на Хаваи повторно еруптираше, 18-ти пат по ред од декември

Следно

Лани создаден комунален отпад од 790 866 тони, 438 килограми по жител

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop