Ѓоковиќ поразен во Женева

May 24, 2024
1 min read

Лидерот во светскиот пласман и во шемата на тенискиот турнир во Женева, Новак Ѓоковиќ (Србија) е елиминиран во полуфиналето на натпреварувањето од АТП серијата 250 на швајцарско тло.

Ѓоковиќ за два часа и осум минути игра загуби од Чехот Томаш Махач со 4:6, 6:0, 1:6, а во текот на мечот даде сигнали дека не се чувствува 100% физички подготвен.

Дваесет и три-годишниот Махач се пласираше во своето прво финале на тениската турнеја.

Српскиот тенисер водеше со 4:1 во првиот сет, но му дозволи на противникот да направи импресивна серија од пет последователни гема за 6:4. По укажаната лекарска помош, Новак Ѓоковиќ одигра силен втор сет, кој го доби со 6:0.

Во третиот дел Ѓоковиќ го зеде првиот гем, но Томаш Махач повторно доби шест гема во низа и го заврши натпреварот со конечни 6:1.

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ќе пристигне во Париз на претстојниот Ролан Гарос без ниту едно финале во 2024 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неколку скопски населби викендов со намалено водоснабдување

Следно

Реал Мадрид заслужено во финалето на Евролигата

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop