Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

July 12, 2025
1 min read

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес.

“Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега… Стигнав до полуфиналето на секој голем турнир годинава. Морам да играм против Синер или Алкараз… Се чувствувам како да влегувам во мечевите со полу празен резервоар”, изјави Ноле.

На прашањето на новинарите дали смета дека нема среќа во големите моменти оваа сезона и дали тоа прави уште потешко, тој искрено одговори: “Не мислам дека станува збор за лоша среќа. Едноставно тоа се годините. Истрошеноста на телото. Колку и да се грижам за себе, реалноста е дека годините се во прашање. Тешко ми е да го прифатам тоа бидејќи кога се чувствувам свеж и во форма мислам дека сè уште можам да изиграм добро. Тоа го докажав и изминатава година. Но, играњето во врвот на турнирите оваа година беше особен предизвик за мене физички. Колку подолго трае турнирот, толку полоша станува ситуацијата”.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и потопло, температурите до 36 степени

Следно

Четири активни пожари низ Македонија

Latest from Blog

ОВА ПРВО СТРАДА ВО ЗИМА И ОД НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ, дизелашите имаат дополнителни проблеми

Зимските услови на возење се сериозен тест за секој автомобил, а многу возила ги уништуваат нивните делови дури и ако се штотуку паркирани. Ниските температури, влажноста, солта на патиштата и честите кратки

Седум мртви, десетици исчезнати – свлечиште затрупа куќи во Индонезија

Свлечиште предизвикано од обилни дождови затрупа село во Индонезија, при што загинаа најмалку седум лица, а десетици се водат како исчезнати, соопштија властите во саботата. Свлечиштето го погоди селцето во округот Западен

До јуни пристигнуваат девет нови возила: Прилеп го модернизира управувањето со отпад

Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија. Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти

Филипче во патриотски „фазон“: Најпредавничката партија во историјата ќе ги спречува „предавствата“ на власта

Најпредавничката партија во историјата ќе ги спречува „предавствата“ на власта. Оваа вест од рубриката ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ е најкусиот опис на денешното обраќање на претседателот на СДС кој го претрпе најголемиот пораз

Скапо шише вода… Челзи казнет со 150.000 евра

Екипата на Челзи е казнета со 150.000 откако засега непознат член од стручниот штаб фрлил шише со вода кон клупата на Астон Вила на дуелот од Премиер лигата во месец декември. Инцидентот
Go toTop