Ѓоковиќ доби нов меч со пресврт и во пет сета за пласман во четвртфинале

June 3, 2024
1 min read

Новак Ѓоковиќ се мачеше со повреда во текот на мечот, но најде сили и со пресврт го победи аргентинскиот тенисер, Франсиско Серундоло со 3-2 (6-1, 5-7, 3-6, 7-5 и 6-3).

Ѓоковиќ одлично го почна мечот, првиот сет го доби убедливо со 6-1, но потоа почнаа проблемите.

Српскиот тенисер почувствува болка во десното колено поради што беше приморан да побара медицински тајмаут во кој доби масажа и апчиња за ублажување на болките.

Ѓоковиќ се врати, но не во своето најдобро издание, ги загуби двата сета, Серундоло го доби вториот сет со 7-5 и израмни на 1-1, а третиот со 6-3 за водство од 2-1.

Следуваше нова медицинска помош и нови апчиња за Ѓоковиќ по кои се врати многу подобар. Играше со болки, но стисна заби. Четвртиот сет го доби со 7-5 и израмни на 2-2, а во третиот беше подобар со 6-3 и дојде до победата од 3-2.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фриц и Руд

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски за ТВ 24: Држава останува без операциони сали, некој за ова треба кривично да одговара, зошто пациентите ќе го плати со живот

Следно

Серафимоски за ТВ 24: Нас здравството одамна ни е на скршени нозе и не треба да го градиме повторно

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop