Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

August 26, 2026
1 min read

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и посебните извештаи на Антикорупциска за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините, за финансирањето на изборната кампања за повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа – 2026 година, Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 – 31.12.2025 година и Завршен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 – 31.12.2025 година.

Членовите на Комисијата ќе ја дискутираат и за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година.

Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија треба да даде зелено светло за предлог на законите за ратификација на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија во врска со соработката во областа на одбраната и на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Португалската Република во врска со соработката во областа на одбраната.

На дневен ред на Комисијата е и Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање.

Предлог на законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање е на дневен ред на Комисијата за европски прашања.

Буџетскиот совет на Собранието ќе го разгледува Предлог на стратешки план на Собранието на Република Северна Македонија за периодот 2027-2031 година, Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2027 година и Предлог на буџет на Собранието на Република Северна Македонија за 2027 година.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МБИ10 со раст од 1,62 отсто, прометот над 8,4 милиони денари

Следно

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Latest from Blog

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop