Го загубија трпението – Манчини веќе не е селектор на Саудиска Арабија

October 24, 2024
1 min read

Роберто Манчини и Саудиска Арабија се разделија по само нешто повеќе од една година соработка. Оваа информација преку социјалната мрежа Х ја пренесе Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија, а во соопштението се наведува дека договорот е раскинат со согласност на двете страни.

Манчини ја презеде Саудиска Арабија во август минатата година, потпишувајќи четиригодишен договор.

Тој 20 натпревари ја предводеше селекцијата на таа земја. Забележа 8 победи, 7 нерешени и 5 порази.

Саудиска Арабија моментално е на третото место во групата Ц од азиските квалификации за Светското првенство во 2026 година, со 5 бода по четири кола.

Како селектор на италијанската репрезентација, Манчини го освои Европското првенство во 2021 година, а во кариерата ги водеше и Интер, Манчестер Сити, Лацио, Зенит, Галатасарај и Фиорентина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во новите израелски напади во Либан убиени се 14 лица

Следно

Генералното собрание на Големото народно собрание на Туркије усвои меморандум во врска со терористичкиот напад врз ТУСАШ

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop