„Го продадоа за 145 милиони евра, а се простија со 37 зборови“

September 2, 2025
1 min read
ФОТО:
Newcastle United F.C./FB

Њукасл дури ни не му се заблагодари на Александер Исак за неговите услуги откако тој потпиша за Ливерпул во трансфер кој го урна британскиот рекорд. Во својата објава клубот не ги спомена ни неговите херојски подвизи во финалето на Карабао Купот, ниту пак постигнатите голови, посветувајќи на неговото заминување само 37 зборови, пишува Дејли Мејл.

Исак (25) во понеделник ја заврши летната трансфер сага потпишувајќи долгорочен договор со Ливерпул вреден 125 милиони фунти (144 милиони евра).

Во објавата за заминувањето на Исак, Њукасл напиша:
„Њукасл Јунајтед ја објавува продажбата на напаѓачот Александер Исак на Ливерпул за значителна, рекордна британска трансферна отштета. Шведскиот репрезентативец му се приклучи на тимот од Реал Сосиедад во 2022 година и запиша 109 настапи во сите натпреварувања.“

На врвот од соопштението наведоа дека проценетото време за читање е една минута.

Она што не го споменаа е дека Исак постигна гол во финалето кога во март го освоија првиот трофеј по 56 години. Клубот исто така ја изостави и фактот дека им помогна двапати во три сезони да се пласираат во Лигата на шампионите и дека на 109 настапи постигна 62 гола.

Трансфер сагата на Исак доминираше во текот на летото, особено откако тој го пропушти предсезонското турне по Азија и тренираше самостојно. Вчера пристигна во Ливерпул, ги помина лекарските прегледи, позираше за фотографии во тренинг-центарот и отпатува за Стокхолм за да ѝ се приклучи на шведската репрезентација. Тој потпиша шестгодишен договор со Ливерпул.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп за вечерва најави обраќање до јавноста

Следно

Дубаи веќе не е рај за иселениците – животот станува прескап

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop