Го нападнале па го турнале од тераса: Уапсени три лица од кривопаланечка Конопница

April 21, 2025
1 min read

Три лица од кривопаланечкото село Конопница вчера физички нападнале а потоа и турнале од тераса 26 годишно момче.

А.С. се здобил со повреди, а од Секторот за внатрешни работи во Куманово информираат дека настанот се случил вчеравечер, 35 минути пред полноќ.

„На 20 април 2025 во 23 часот и 25 минути полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги лишиле од слобода дваесет и шестгодишните Ј.А. и Н.К. како и Е.А., дваесет и петгодишен, сите од село Конопница, кривопаланечко. Лицата се лишени од слобода затоа што во Крива Паланка физички го нападнале и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот жител на истото село А.С. кој се здобил со повреди“, изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одложени натпреварите во италијанската Серија А поради смртта на Папата

Следно

Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми над 51.200

Latest from Blog

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во
Go toTop