Глечерот Матануска на Алјаска – огромна ледена површина со мистериозни пештери од мраз

April 13, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Глечерот Матануска е едно од природните богатства на американската држава Алјаска. Глечерот е долг 43 километри и широк 6,4 километри, а највисока точка е 1.021,08 метри, известува Анадолу.

Се наоѓа во близина на автопатот Глен на околу 160 км североисточно од Енкориџ во Глечер Вју. Овој уникатен глечер го привлекува вниманието со огромните маси мраз на површината, како и со мистериозните ледени пештери.

Овие природни структури, кои со текот на времето се формирале во длабочините на глечерот, на посетителите им даваат чувство како да се на „друга планета“.

Сините и тиркизните пештери на глечерот снимени од Акбаш ги фасцинираат посетителите додека сончевата светлина минува низ слоевите мраз.

Организирани се тури за истражување на пештерите, овозможувајќи им на посетителите одблиску да ги набљудуваат глечерите обликувани од природата.

Пештерите постојано се менуваат поради ниската температура во нив, влажноста и малите базени формирани од стопената вода.

Со уникатната средина пештерите во глечерот Матануска нудат визуелна и емотивна длабочина за вљубените во природата, за љубителите на истражувањето. Овие пештери на едно место ги презентираат и естетската моќ на природата и нежниот баланс што треба да се зачува.

Хасан Акбаш, хонорарен фоторепортер што работи за Агенција Анадолу, го сними прекрасниот уникатен глечер Матануска.

– Глобалното затоплување му се заканува на глечерот Матануска

Ледените пештери на глечерот Матануска ги откриваат ефектите од климатските промени. Моделите на мраз што се менуваат на секој чекор, мразулците што висат од таваните и „тишината што одекнува“, го прават ова место едно од најимпресивните на Алјаска.

Климатската криза и глобалното затоплување предизвикуваат топење на ледените пештери и постои ризик да исчезнат.

Од овие причини експертите нагласуваат дека луѓето што ги посетуваат ледените пештери треба да внимаваат и на безбедносните мерки и да дејствуваат без да ѝ наштетат на природата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царина: заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан 

Следно

Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop