Гир: Се надевам дека сите членови на Судскиот совет ќе свртат нова страница и ќе ги спроведат препораките на Европската комисија

January 17, 2024
1 min read

Се надевам дека сите членови на Судскиот совет ќе свртат нова страница и ќе се обидат да ги спроведат препораките на оценката мисија на Европската комисија, рече денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, од Саемот за граѓанско општество, одговарајќи на новинарско прашање како го оценува вчерашниот состанок со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

„После одлуката на Управниот суд покажав заинтересираност да се сретнам со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева. Како што можете да забележите, јас не се сретнав со нејзиниот претходник, со што ја искажавме нашата загриженост во врска со начинот на кој беше таа разрешена, но и за начинот на кој беше избран тогашниот претседател. Причината на оваа средба со Дамева беше да разговараме за состојбите во Судскиот совет, како и во врска со препораките на оценската мисија на Европската комисија и мерките кои ќе бидат преземени од страна на советот“, рече Гир.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како Италијанците прават топло чоколадо: Додаваат две состојки кои даваат посебен вкус!

Следно

Во десетина градови во Босна и Херцеговина воздухот е опасен по здравјето

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop