Гиновска: Одговорно трврдам дека цијанид неколку стотици пати над дозволеното во Крива Река нема

April 4, 2025
1 min read

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска денеска оддржa прес конференција во врска со случувањата во рудникот Тораница, на која извести дека со огромна сериозност се пристапувало кон истиот, иако според неа, поединци  излегуваа со неточни и полуточни информации и успеаја да направат збунетост кај населението.

„Сега ќе зборувам со факти, откако од страна на ДИЖС е затворено едно подлавје за овој надзор со цел да ги запрам сите шпекулации кои се ширеа во јавноста: На 14 март од страна на компанијата БУЛМАК 2016, преку електорнска пошта добив известување за инцидент дека е пукната цевка од технолошка вода од таложникот за јамски води до погонот флотација. Согласно своите законски надлежности, веднаш издадов налог за вонреден инспекциски надзор и државните инспектори веднаш излегоа на терен“, рече Гиновска.

На компанијата БУЛМАК 2016, додаде таа, изречена им е казна од 180.000-200.000 евра за правниот субјект и 10.000 евра за одговорното лице, која е најголема казна во законот за животна средина. Компанијата потпиша спогодба и предметот е предаден на  Комисијата за спогодување, при Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Компанијата БУЛМАК, на ден 24.03.2025г. од страна на ДИЖС е задолжена со решение да преземе мерки за процена на евентуална штета врз животната средина. Таа ќе биде извршена од страна на надворешни стручни лица и веднаш по добивање на официјалниот извештај кој ќе покаже дали имало било какво влијание врз почвата, водата и живиот свет и дали има последици врз животната средина“, најави Гиновска.

Директорката на ДИЖС рече дека ќе ги превземе сите соодветни мерки во согласност со законот и ќе ја информира јавноста за следните чекори.

„Ги демантирам шпекулациите, дека тој ден инспектори од ДИЖС не излегле на терен. Ги отфрлам сите обвинувања каде што се наведуваше дека имам изјавено, дека се излеало само вода. Таква изјава не постои никаде. Ги демантирам шпекулациите дека има помор на риби во Крива Река, од 14.03.2025 до ден денес не е забележан никаков помор. И исто така сакам јавноста да биде запознаена со тоа дека дека ЕКОЦИД не се докажува со 1л вода земена од 1 место и со само 1 примерок, туку со темелна и сеопфатна анализа“, изјави Гиновска пред медиумите.

Таа потврди и дека цијанид неколку стотици пати над дозволеното ниво во Крива Река нема и додаде дека овој еколошки инцидент ги покажа слабостите на системот  кој го наследила, истовремено ветувајќи дека овој случај ќе има правна разрешница, а јавноста ќе биде запознаена со сите мерки кои се превземени од страна на инспекторатот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милошевски: Македонија била инспирација за голем број странски сликари на преминот од 19 во 20 век

Следно

Индија: Зголемени безбедносни мерки околу џамијата Џама поради усвојувањето на амандманот за Одборот за вакаф

Latest from Blog

Француска и јапонска компанија заинтересирани за хидроцентралите Чебрен и Галиште

Француска и јапонска компанија се обратиле до Министерството за енергетика со интерес за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, објави министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа потенцира дека, иако најдобро би било

Димитриеска-Кочоска: Нелегално стекнатиот имот ќе се враќа во корист на граѓаните

Денеска беше одржана конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, има силна практична тежина во борбата против финансискиот криминал.

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на

Божиновска: Државата тргнува во енергетски бум – Усвоен план со инвестиции од 5,7 милијарди евра

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на
Go toTop