Германскиот канцелар отворен за разговори со Путин

September 9, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц генерално е отворен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се изнајде начин за ставање крај на војната во Украина, изјави денес владиниот портпарол Штефен Хебестрајт, јавува Анадолу.

„Канцеларот повеќепати истакна дека и по почетокот на војната продолжил да разговара по телефон со г-дин Путин и ќе продолжи да го прави тоа во иднина“, изјави Хебестрајт за новинарите во Берлин.

Сепак, тој изрази скептицизам дали Москва навистина е подготвена да влезе во вистински мировни преговори.

„Сè што слушате од Кремљ и Владимир Путин повеќе личи на изјави кои не ви оставаат впечаток дека тие се многу подготвени конструктивно да влезат во мировни преговори“, рече Хебестрејт.

„Сепак, доколку канцеларот смета дека е соодветно време, тој не се двоуми да оствари телефонски разговор со рускиот претседател. Меѓутоа, во моментов гледам неподготвеност кога станува збор за очекувањата за таков разговор, и треба да почекаме уште малку“, додаде тој.

Шолц вчера изрази поддршка за поканата на Русија на меѓународна мировна конференција за ставање крај на војната во Украина.

Шолц за јавната телевизија ЗДФ рече дека за време на неговата неодамнешна средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски, разговарале за најновите случувања, како и за изгледите за нова мировна конференција за ставање крај на војната.

„Мислам дека ова е моментот кога треба да разговараме како можеме да излеземе од оваа воена ситуација и да постигнеме мир побрзо отколку што изгледа во моментов“, рече Шолц.

„Дефинитивно ќе има уште една мировна конференција, а претседателот Владимир Зеленски и јас се согласивме дека таа мора да ја вклучи и Русија“, додаде тој.

Зеленски се состана со Шолц минатата недела во Франкфурт, откако учествуваше на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во воздухопловната база Рамштајн во југозападна Германија.

По средбата, Зеленски му се заблагодари на Шолц за политичката и воената поддршка на Германија за Украина и рече дека разговарале за подготовките за втората мировна конференција, која е планирана да се одржи во ноември.

Првата мировна конференција се одржа во јуни во Швајцарија, но Русија не беше поканета на состанокот. На разговорите присуствуваа повеќе од 90 земји, но заедничкото коминике беше поддржано од 80 од нив. Еден ден пред самитот Путин поднесе своја мировна иницијатива, повикувајќи ја Украина да ги признае територијалните тврдења на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Од вечерва најави за нестабилно време со пообилни врнежи

Следно

Македонија У21 лесно го доби Гибралтар на гостински терен

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop