Германскиот канцелар Мерц вети нови санкции на ЕУ против Русија

May 16, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес објави дека Европската Унија (ЕУ) ќе усвои нови санкции против Русија следната недела откако рускиот претседател Владимир Путин одби да присуствува на мировните преговори во Истанбул, пренесува Анадолу.

Во разговор за јавниот радиодифузен сервис ЗДФ доцна синоќа Мерц рече дека иако украинскиот претседател Владимир Зеленски отпатувал во Турција и покажал подготвеност за преговори, отсуството на Путин го спречило потенцијалниот договор за прекин на огнот.

„Кој може да каже дека не направивме доволно дипломатски напори последниве денови за да ја завршиме оваа војна? Единствениот што сега греши со тоа што не се појави е Путин. Сите предуслови за прекин на огнот беа исполнети“, рече Мерц.

„Пакетот санкции на ЕУ е готов. Консултациите се завршени, пакетот е готов и ќе биде усвоен следниот вторник во Брисел“, рече Мерц, додавајќи дека Европејците ги координираат своите чекори со Американците, а американскиот Конгрес, исто така, започнува слична иницијатива за нови санкции.

Мировните преговори во Истанбул треба се одржуваат денес, но без Путин.

Откако дозна за отсуството на Путин, Зеленски отпатува на самитот во Албанија, но остана неговата делегација за преговорите во Истанбул.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Калас за ТВ21 од Тирана: Не е во ред билатералните прашања да ја кочат Северна Македонија во пристапувањето кон ЕУ

Следно

Македонскиот репрезентативец Митровски во трка за најдобар фудбалер во Хрватска

Latest from Blog

Косово забрани хиџаб во училиштата

Судот ја отфрли тужбата поднесена од Мрежата за професионален развој на жените „Арита“ против одлуката, објавува Klix.ba. Судот ја потврди надлежноста на Министерството Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење хиџаб во

Тројца мртви, осум исчезнати во лавина во Непал

Тројца алпинисти, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа, а осум други се водат како исчезнати откако лавина погоди експедиција на хималајски врв во Непал, соопшти полицијата во понеделник. Петмина странци се

Битола трчаше во чест на слободата – Тони Коњановски: Со спорт и заедништво го одбележавме 4 Ноември, Денот на ослободувањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на 67-та традиционална ноќна атлетска трка, која секоја година се одржува во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. „Повеќе од шест

Супермесечината в среда ќе биде најблиската и најсветлата во 2025 година

Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината
Go toTop