Германската полиција уапси Сириец во Берлин кој планирал терористички напади

November 2, 2025
1 min read

Полицијата во Берлин уапси 22-годишен Сириец поради планирање терористички напади во германската престолнина, соопшти денес канцеларијата на државниот обвинител.


Повикувајќи се на извори во безбедносните служби, весникот „Билд“ објавува дека 22-годишниот Абдала Р. планирал самоубиствен напад со експлозивна направа врз засега непознат објект во Берлин.

Тој дошол во Германија во 2023 година и побарал азил, кој му бил одбиен, но имал дозвола за престој.


Полицијата пронашла материјал за изработка на експлозивна направа на три адреси каде што бил пријавен.

Медиумските извештаи велат дека тој бил член на Исламска држава. Тој бил уапсен вчера попладне во берлинскиот кварт Нојкелен, каде што живеат луѓе од арапско потекло. Дебатата неодамна повторно се разгоре во Германија околу тоа дали мигрантите треба да се враќаат во Сирија.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве кои се среќни денови во ноември за секој хороскопски знак

Следно

Лесно му е на Сити кога го има Халанд!

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop