Германија загрижена за радикалниот курс на десничарската партија АфД

July 31, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германската националистичка партија Алтернатива за Германија (АфД) го зајакнува својот крајно десничарски курс, предупреди денес разузнавачката агенција на земјата, пренесува Анадолу.

Томас Халденванг, шеф на Федералната канцеларија за заштита на уставот (ВФВ), за медиумите изјави дека последниот собир на партијата АфД, на кој делегатите избираа контроверзни кандидати за изборите за Европскиот парламент следната година, е загрижувачки развој.

„Ова уште еднаш ја докажува нашата оцена дека во партијата има силни антиуставни струи чие влијание продолжува да расте“, изјави Халденванг за германската новинска агенција ДПА.

Тој додаде дека комплетната листа на кандидати и програмата на партијата за изборите за Европскиот парламент сѐ уште не се финализирани.

„Сепак, веќе е јасно дека луѓето што привлекуваа внимание во минатото со позиции што се некомпатибилни со нашиот слободен, демократски уставен поредок, ќе бидат дел од групата АфД во претстојниот Европски парламент“, рече Халденванг.

Десничарскиот политичар Максимилијан Крах беше избран за главен кандидат на АфД на европските избори во 2024 година во саботата, добивајќи ја поддршката од повеќе од 65 партиски делегати.

Тој беше близок сојузник на Бјорн Хоке, водечка фигура во екстремистичкото крило на АфД, кој беше ставен под надзор од домашната разузнавачка агенција во 2019 година поради неговите антидемократски тенденции.

Според анкетите, антиимигрантската АфД моментно ужива поддршка од 20 отсто од електоратот, пред Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц (18 отсто) и нивните коалициски партнери Зелените (16 отсто) и либералните Слободни демократи (шест отсто).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Галатасарај му понуди четиригодишен договори на Паредес

Следно

Баерн ја зголеми понудата: Кејн на чекор од преселба во Минхен

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop