Германија повика на итни мерки за спречување на гладот ​​во Газа

May 14, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија денес повика на итни чекори за спречување на акутниот глад во Газа до кој дојде поради израелската блокада на испораката на хуманитарна помош за Палестинците, известува Анадолија.

Зборувајќи пред Парламентот, канцеларот Фридрих Мерц рече дека неговата Влада останува силен бранител на безбедноста на Израел и неговите операции против Хамас, но исто така ја нагласи потребата од поголема хуманитарна помош за Палестинците.

„Очекуваме дека ќе обезбедат подобра хуманитарна помош за населението во Газа, чие страдање го гледаме, особено на децата, жените и старите лица“, рече Мерц.

Канцеларот Мерц истакна дека денес добиле вест дека акутниот глад би можел да ја загрози Газа.

„Хуманитарна обврска на сите вклучени – и нагласувам сите вклучени – е да се спречи гладот ​​во регионот колку што е можно поскоро“, нагласи Мерц.

Од 2 март Израел ги држи премините во Газа затворени за храна, медицинска и хуманитарна помош, продлабочувајќи ја веќе големата хуманитарна криза во палестинската енклава.

Строгите ограничувања на Израел за основните резерви оставија повеќе од два милиона Палестинци во очајна состојба, подложувајќи ги на она што меѓународните организации го опишуваат како намерен чин на колективно казнување.

За време на израелската воена офанзива што трае од октомври 2023 година во Газа се убиени над 52.900 Палестинци, повеќето жени и деца.

Израелската Влада го наведе нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година како оправдување за започнувањето на нејзината повеќемесечна воена кампања. Сепак, голем број организации за човекови права ја осудија израелската офанзива, карактеризирајќи ја како систематска кампања насочена кон етничко чистење.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите дејства во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен 33-годишен во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје

Следно

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop