Германија негира дека го помага „геноцидот“ на Израел во Газа

April 9, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија денес ја бранеше својата политичка и воена поддршка на израелската војна во Газа и го отфрли тврдењето на Никарагва дека го помага „геноцидот“ врз Палестинците, јавува Анадолу.

Обраќајќи се пред највисокиот суд на Обединетите нации во Хаг, германската дипломатка Тања фон Услар-Глајхен истакна дека случајот на Никарагва против Германија има „едностран“ поглед на конфликтот.

„Соодветно не ги цени ни фактите ни законот во оваа ситуација. Германија цврсто ги отфрла обвинувањата на Никарагва“, рече таа и нагласи дека Берлин постапува во согласност со меѓународното право при процесот на обезбедување помош за Израел.

Презентирајќи ја одбраната на нејзината земја пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), Услар-Глајхен рече дека извозот на оружје од Берлин во Израел е соодветен и дека е доставен по детална проверка.

„Германија испорачува оружје само врз основа на детална контрола, контрола што не само што ги почитува, туку и далеку ги надминува барањата на меѓународното право“, рече таа, додавајќи дека Берлин ги зема предвид „безбедносните закани со кои се соочува Израел“ при одобрување на извозот на оружје.

Берлин одобри извоз на оружје во Израел во вредност од 326,5 милиони евра во 2023 година, од кои поголемиот дел беше одобрен по 7 октомври 2023 година, што е десеткратно зголемување во споредба со 2022 година.

Никарагва започна постапка против Германија пред МСП, обвинувајќи го Берлин за помагање на „геноцидот“ во Газа преку обезбедување на политичка и воена поддршка за Израел. Никарагва бара од судот да ѝ наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел и да ја повлече одлуката за суспендирање на финансирањето на палестинската агенција на ОН за бегалци, УНРВА.

Берлин останува еден од најсилните поддржувачи на израелската воена офанзива во Газа, и покрај зголемениот притисок на јавноста. Канцеларот Олаф Шолц во повеќе наврати изјави дека Германија сноси посебна одговорност за Израел поради нејзината нацистичка историја.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива на палестинската територија по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа речиси 1.200 лица.

Во израелските напади, што оттогаш започнаа врз Појасот Газа, загинаа над 33.200 Палестинци, а речиси 76.000 се повредени, се предизвика масовно уништување и недостиг на неопходни средства за живот.

Израел, исто така, воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Голготата трае две недели: Телото на малата Данка денес се бара на гробишта

Следно

Претседателски кандидати – кој колку троши на социјалните мрежи?

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop