Германија најави привремени зајакнати проверки на границите со Полска и Чешка поради нерегуларната миграција

September 27, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија денес најави дека воведува привремени проверки на границите со Полска и Чешка во обид да го спречи влезот на нерегуларни мигранти, јавува Анадолу.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер за новинарите изјави дека дала налог за дополнителни полициски мерки на границите на земјата со Полска и Чешка, кои веднаш стапуваат на сила.

„Мора да го запреме суровиот бизнис на шверцерите што ги ставаат во ризик човечките животи. Затоа сега полицијата спроведува дополнителни, флексибилни и целно ориентирани проверки по должината на маршрутите на шверц“, рече Фезер по состанокот на парламентарната комисија.

Министерката истакна дека полицијата ќе ги зајакне мобилните патроли и ќе спроведе проверки на возилата за кои постои сомнение дека превезуваат нерегуларни мигранти.

Германската Влада беше ставена под зголемен притисок да се справи со миграциите затоа што бројот на нерегуларни мигранти што влегуваат во земјата се зголеми во изминатите неколку месеци.

Околу 205.000 мигранти поднеле барање за азил во Германија во периодот од јануари до август оваа година, што е зголемување од 77 отсто во споредба со истиот период минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албански опозициски фронт: „Еуровиа“ доби уште еден тендер од над еден милион евра за канализација во Арачиново

Следно

Осимен лут пристигна во тимскиот хотел, одби да се поздрави со соиграчите! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop