Германија може да го блокира „ChatGPT“ поради загриженост за приватноста

April 4, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Популарниот чет-бот за вештачка интелигенција, „ChatGPT“, би можел привремено да биде блокиран во Германија поради загриженоста за приватноста, изјави комесарот за заштита на податоците во земјата, пренесува Анадолу.

Улрих Келбер, федерален комесар за заштита на податоците, изјави за деловниот весник „Handelsblatt“ дека Германија може да ја следи Италија во блокирањето на „ChatGPT“ доколку е потребно.

„Во принцип, слична постапка е можна и во Германија“, рече тој. Според него, прашањето е во надлежност на органите за заштита на податоците во сојузните држави.

Германските власти веќе контактирале со своите италијански колеги за да добијат дополнителни информации за привремената забрана, јавуваат локалните медиуми.

Во меѓувреме, германското Федерално министерство за дигитализација и транспорт предупреди на општа забрана за чет-ботот „ChatGPT“.

„Не ни треба забрана за апликации за вештачка интелигенција, она што ни треба е да најдеме начини да обезбедиме вредности, како што се демократијата и транспарентноста“, рече портпаролот на Министерството.

Италијанската Агенција за заштита на приватноста минатата недела ја блокираше алатката за пишување на вештачката интелигенција на „OpenAI“ со седиште во САД, „ChatGPT“, обвинувајќи ја за незаконско собирање лични податоци на корисниците.

Италијанските власти соопштија дека OpenAI не им обезбедил доволно информации на корисниците за употребата на нивните лични податоци.

Некои корисници на „ChatGPT“ виделе и информации од туѓи профили, според медиумите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најатрактивната фудбалерка на светот ги изненади фановите со маестрален „рабона“ гол (ВИДЕО)

Следно

Наместо да рушиме дивоградби, да ги ставиме во служба на граѓаните, вели градоначалникот на Центар

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop