Германија: Коментарите на Трамп за Зеленски се „погрешни и опасни“

February 19, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц ги опиша како „погрешни и опасни“ коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за украинскиот претседател Владимир Зеленски, известува Анадолу.

„Негирањето на демократскиот легитимитет на Зеленски со еден збор е погрешно и опасно“, изјави Олаф Шолц за списанието „Дер шпигел“.

„Точно е дека Владимир Зеленски е избран претседател на Украина. Фактот дека не е можно да се одржат соодветни избори среде војна е во согласност со украинскиот Устав и изборните закони. Никој не треба да тврди поинаку“, рече Шолц.

Наведувајќи дека Русија под водство на претседателот Владимир Путин ја започна војната во Украина, Шолц додаде: „Украина се брани од руската агресија речиси три години.“

– Шефицата на германската дипломатија Баербок рече дека се бесмислени коментарите на Трамп

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, за телевизијата ЗДФ изјави: „Ова навистина е бесмислено“, категорично отфрлајќи ги коментарите на Трамп.

„Ако го погледнете реалниот свет, без само брзо да твитате, знаете кои се луѓето во Европа што, за жал, мора да живеат под диктаторски услови. (Тоа се) Луѓе во Русија, во Белорусија“, рече Баербок.

Наведувајќи дека Украинците секој ден се борат за својата слободна демократија, Баербок продолжи со зборовите:

„Како Европејци, ние ги поддржуваме на патот кон Европската Унија за да можеме заедно да ја обезбедиме нашата демократија.“

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше Зеленски што не одржува избори во неговата земја, велејќи: „Зеленски, диктатор кој не одржува избори, подобро да дејствува брзо, инаку ќе ја загуби својата држава.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими победничките тимови на „NASA Space Apps Challenge 2024“

Следно

Снежни врнежи на улицата Истиклал во Истанбул

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop