Германија ја заострува миграциската политика: Ограничување за лицата кои доаѓаат во земјата за социјални бенефиции

January 2, 2026
1 min read

Член на германската коалициска влада, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), чија одговорност е Министерството за внатрешни работи, сака дополнително да ја заостри миграциската политика во 2026 година, вклучително и зголеменото враќање на бегалците во Сирија и Авганистан.

Намалувањето на нерегуларната имиграција и зголемувањето на бројот на депортации е еден од приоритетите на коалициската влада на канцеларот Фридрих Мерц, која ја презеде власта во мај.


„Во 2026 година, мора да започнеме офанзива на депортации со редовни летови до Сирија и Авганистан“, се вели во документот подготвен од претставничкиот клуб на ЦСУ за претстојниот партиски конгрес.

Во него се наведува дека од крајот на граѓанската војна во Сирија, „веќе нема причина“ стотици илјади сириски бегалци кои „ѝ се потребни на нивната татковина“ да останат во Германија.


ЦСУ истакнува дека има се повеќе луѓе кои „одат на одмор“ во Сирија, и бара итно откажување на дозволата за престој на овие лица во Германија. Исто така се залага за органичувања за бегалците од Украина и граѓаните на ЕУ кои доаѓаат во Германија за социјални бенефиции.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски и Бојкоски со началникот на СВР Битола: Мирен дочек на Новата година

Следно

Дон Флорентино со шокантен предлог:„ Даваме пет играчи за него!“

Latest from Blog

Едно лице загина, четворица се повредени во украински напад врз рускиот Ростовски регион

Тој соопшти дека три лица се тешко повредени, а меѓу повредените е и еден странски државјанин. Украинскиот напад предизвика пожар во магацинот на логистичка компанија, кој оттогаш е локализиран. Товарен брод што

Гвардиола искрен: Секој би играл за Реал Мадрид

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека апсолутно нема да му застане на патот на Родри доколку шпанскиот репрезентативец посака трансфер во Реал Мадрид. Гвардиола рече дека се надева дека Родри
Go toTop