Германија испраќа уште војници во Косово

October 6, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија ќе испрати повеќе војници во Косово како дел од мировните сили на НАТО предводени од КФОР, објави денес портпаролот на Министерството за одбрана Митко Мулер, јавува Анадолу.

„Можам да потврдам дека федералната влада одлучи да го продолжи воениот ангажман во КФОР од април 2024 година, без оглед на неодамнешните настани во Косово“, рече Мулер на прес-конференција во Берлин.

Според неговите зборови, новиот контингент војници ќе ги заменат австриските сили на КФОР и ќе бидат обучени за борба против немирите.

Портпаролот на Министерството зборуваше за дополнителни 155 војници, наведувајќи дека во моментов на Косово има 71 германски војник. Германскиот мандат за мисијата КФОР има најмногу 400 војници

Последната ескалација на тензиите во Косово се случи по нападот на група вооружени Срби на 24 септември во Бањска, на северот на Косово, во кој загинаа еден косовски полицаец и најмалку тројца напаѓачи.

Одговорноста за организацијата на нападот ја презеде Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српска листа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристуча: Интервенцијата на КФОР во северниот дел на Косово беше професионално одмерена

Следно

Првата турнирска фаза во „есенска тура за 2win авантура“ заврши, следува среќно тркало

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop