Германија иницира формирање центри за враќање мигранти во трети земји

January 23, 2026
1 min read

Според германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринд, работната група, во која, покрај Германија, ќе учествуваат и Австрија, Данска, Грција, Холандија, како и Европската комисија, ќе треба да изготви план со „иновативни модели“ за враќање на мигрантите, вклучително и да ги идентификува потенцијалните земји надвор од ЕУ во кои би биле сместени центрите.

– Со одлуките донесени минатата година создадовме основа за воведување поголем ред во миграцискиот систем. Тоа вклучува и иновативни модели – изјави Добринд.

Лани во март Комисијата предложи нови правила за враќање државјани од трети земји што не ги исполнуваат условите за легален престој во ЕУ, кои, меѓу другото, предвидуваат и можност за создавање т.н. центри за враќање во земји надвор од Унијата во кои би биле сместувани лица чии барања за азил биле одбиени и кои би останале во овие центри до нивната депортација во државата на потекло или друга безбедна земја.

Паралелно со ова веќе неколку месеци меѓу земјите членки на ЕУ циркулираат и предлози за доброволните и за присилните враќања на мигрантите, првенствено во Сирија. Овие предлози главно се насочени кон лица осудени за кривични дела или оние што се сметаат за безбедносен ризик.

Германија кон крајот на минатата година депортира сириски државјанин осуден за кривични дела врз основа на билатерален договор меѓу Берлин и Дамаск.

Во меѓувреме, белгиската министерка за миграција Анелин ван Босаут најави планови за стимулација на Сиријците да се вратат во матичната земја, кои вклучуваат и дополнителна помош до 5.000 евра за реинтеграција“ за оние што доброволно ќе заминат од Белгија.

– Поддржувам доброволно враќање секогаш кога е можно и присилно враќање кога е потребно – изјави во таа пригода Ван Босаут.

Кипарскиот заменик-министер за миграција Николас Јоанидес, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, изјави дека многу земји членки се залагаат за продолжување на депортациите, пред сè на осудени криминалци и лица што се сметаат за безбедносни закани.

– Подготвени сме да разговараме со нашите партнери од ЕУ и Комисијата за да помогнеме во воспоставувањето механизам за враќања во Авганистан – изјави Јоанидес минатата недела.

Главен иницијатор за враќања во Авганистан е Белгија, која лани во октомври поттикна 19 земји членки да извршат притисок врз Еврокомисијата за изнаоѓање начини за депортација на Авганистанците. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсенал со 20 милиони евра и дефинитивно тргнува по несудениот македонски репрезентативец!

Следно

ЧОВЕКОТ ШТО МОЛЧИ ЗАРАБОТУВА МИЛИЈАРДИ: Khaby Lame во бизнис од 830 милиони евра

Latest from Blog

Уште една легенда си заминува од „Енфилд“, кариерата ја продолжува во редовите на големиот ривал!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ На повидок е сензационален трансфер. Тотенхем е во преговори со Ливерпул за трансфер на Енди Робертсон, според „Атлетик“. 31-годишниот дефанзивец е во плановите на Лондончани за следното лето, кога му истекува

Стојаноска: Нашата позиција е јасна – опозиција за ДУИ

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, реагираше на изјавите на Али Ахмети, кој тврди дека пред една година договорил предвремени избори со премиерот Христијан Мицкоски. Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред

Меѓународни кардиоторакални експерти на симпозиум во Клиника Жан Митрев, европските клинички стандарди во пракса

Со учество на врвни европски и регионални експерти, во Скопје се одржа меѓународниот симпозиум „Вoдичи во пракса“, во организација на Клиника Жан Митрев. Настанот ја потврди улогата на клиниката како современ медицински

Коњановски: Образованието е клуч за европска иднина на младите

По повод Меѓународниот ден на образованието, денеска во Битола се одржа информативно-промотивен настан посветен на можностите што ги нуди програмата „Еразмус+“ и европските образовни партнерства, во организација на Националната агенција за европски
Go toTop