Герасимовски на Школата за женски активизам: Левицата секогаш вложува во женското лидерство

November 2, 2024
1 min read

Викендов во Крушево се одржува вториот модул на Школата за женски активизам Жени во политиката: Изградба на вештини за ефективно лидерство во организација на Фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје и Прогрес Институт за социјална демократија. 

Вториот модул го отворија градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски и градоначалникот на општина Крушево Томе Христовски кои говореа за модерна и професионална локална самоуправа, за улогата и значењето на советниците, како и за вклучувањето на жените во локалната заедница. 

Герасимовски потенцираше дека улогата на жените во политиката е од големо значење затоа што ја зголемува ефикасноста на локалната власт. 

„Во Општина Центар над 60% од вработените се жени, односно, од 111 вработени лица 66 се жени, а 45 се мажи. Од вкупно 9 сектори во Општината, во седум од нив раководат жени. Од 24 одделенија, во 16 раководат жени. Во моментов, владата има најмал процент на жени министерки во нејзиниот состав, со што тука ја гледаме разликата помеѓу левицата и десницата. Левицата секогаш вложува во женското лидерство затоа што кога жените водат се зголемува продуктивноста, лојални се и прават позитивни промени на локално и централно ниво”, истакна Герасимовски. 

Христовски посочи дека мора да се избориме што повеќе жени да се вклучат во политиката.

„Можеме да зборуваме за модерни и транспарентни локални заедници единствено доколку ги активираме жените и девојките. Советниците се тие кои ги претставуваат интересите на граѓаните и мораме да го слушаме гласот на сите, на млади, на жени, на мажи, на пензионери, на сите граѓански организации”, рече Христовски. 

На вториот модул, учество ќе земат и претседателот на Здружението Рубикон Владимир Караев, новинарот, активист и тренер Огнен Јаневски, како и комуникологот Тоше Зафиров. 

Школата за женски активизам има за цел да образува и тренира жени и девојки од Северна Македонија кои имаат амбиции да се вклучат поактивно во политичките процеси на локално ниво. 

Програмата ќе им овозможи на учесничките теоретско знаење, но и практични вештини и способности во областа на политичкиот систем, социјалдемократската идеологија, процес на креирање на политики, политичката комуникација и односите со јавноста во периодот од октомври до декември 2024 година. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се интензивираат работите за изградбата на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10 Д

Следно

ФК Аеродром го реотвори новото современо фудбалско игралиште

Latest from Blog

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони

Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор
Go toTop