Генералното собрание на ОН ќе расправа за резолуцијата за Сребреница

May 23, 2024
2 mins read

Пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во четврток, на 23 мај во 16:00 часот по средноевропско време, треба да започне расправата за Предлогот за резолуција за геноцидот во Сребреница.

Резолуцијата со која се предлага 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница и го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, беше спонзорирана од триесет земји. Официјални предлагачи на резолуцијата за Сребреница се Германија и Руанда.

Резолуцијата досега ја поддржаа сите земји од Западен Балкан, освен Србија и босанскиот ентитет Република Српска.

И покрај пресудите на меѓународните судови, официјален Белград и властите на ентитетот на Република Српска на Босна и Херцеговина негираат дека во јули 1995 година во Сребреница бил извршен геноцид врз Бошњаците, но зборуваат за „страшно злосторство“.

Србија активно лобира против усвојувањето на резолуцијата, а Собранието на Република Српска усвои протестна нота, упатена до членките на Обединетите Нации, барајќи повлекување на резолуцијата ден пред разгледувањето во ОН.

Меморијален центар: „Оние кои го негираат геноцидот не се добредојдени во Поточари“

Од Меморијалниот центар во Поточари соопштија дека не можат да обезбедат услови за посета на делегацијата на Владата на Република Српска, имајќи ги предвид, како што се наведува, ставовите и политиката кога станува збор за геноцидот во Сребреница.

Одговорот на директорот на Центарот, Емир Суљагиќ дојде еден ден откако претседателот на РС, Милорад Додик, рече дека сè уште нема одговор на барањето што го испрати до Меморијалниот центар, делегацијата на Владата на ентитетот да положи венец во Поточари на 23 мај.

„Доколку претседателот и претставниците на Владата на РС инсистираат да им оддадат почит на жртвите од периодот 1992-1995 година, тоа можат да го направат на пат кон Сребреница, па конкретно во Сребреница да положат цвеќе на училишното игралиште во основното училиште каде што во април 1993 година, како резултат на артилерискиот напад, армијата на РС уби 74 Бошњаци од Сребреница и Подриње, а повеќе од 100 од нив беа ранети“, наведува меѓу другото Суљагиќ во писмото до Влада на РС што го објави на социјалната мрежа Х.

Од Меморијалниот центар претходно за Радио Слободна Европа изјавија дека претседателот Милорад Додик и сите оние кои го негираат геноцидот „не се добредојдени во Поточари“.

Во исто време, пет здруженија на жртвите на геноцидот во Сребреница ги повикаа членките на ОН да бидат „на страната на човештвото“ и да ја поддржат резолуцијата.

На денот на расправата за резолуцијата во Собранието на ОН, Владата на ентитетот и раководството на РС ќе заседаваат во Сребреница. Средбата е закажана за 12 часот.

Истиот ден, делегацијата на РС ќе положи цвеќе и венци на српските гробишта во Братунац, кои се наоѓаат на неколку километри од Поточари.

Владата на ентитетот ги повика граѓаните во четврток (23 мај) да ги кренат знамињата на РС, како „знак на противење на резолуцијата додека трае дебатата во Собранието на ОН“.

Повеќе од 50 луѓе беа осудени на околу 700 години затвор за геноцидот во Сребреница, кој го изврши Армијата на РС и во кој беа убиени најмалку 8372 Бошњаци.

Според податоците од Меморијалниот центар Поточари од јули 2023 година, пронајдени и закопани се посмртните останки на 6751 жртва на геноцидот во Сребреница, додека по околу илјада жртви сè уште се трага.

Во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг го окарактеризира злосторството во Сребреница како геноцид, во кое во јули 1995 година беа убиени повеќе од 8.000 мажи и момчиња од тогашната енклава под заштита на Обединетите Нации.

Пресудите на Хаг и домашните судови за виновни за геноцид прогласија поединци, а не колективи, држави или ентитети.

Хашкиот суд утврди дека Србија и Црна Гора не се одговорни за геноцидот во Босна и Херцеговина, ниту се соучесници, иако поранешна Југославија не направила ништо за да го спречи тоа.

Во заедничкото соопштение на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР), Амбасадата на САД и Канцеларијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во БиХ од 2018 година, се наведува дека не станува збор за колективната одговорност на Србите за Сребреница.

„Никој не ја демонизира Република Српска и не зборува за колективната одговорност на Република Српска или на српскиот народ, како што тврдат претседателот на Република Српска и други“, беше потенцирано во тогашното соопштение.

Радован Караџиќ, првиот претседател на Република Српска, беше осуден во Хаг на доживотна казна затвор за геноцидот во Сребреница, како и за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната во другите делови на Босна и Херцеговина.

Во истиот суд на доживотен затвор поради геноцид е осуден и главниот командант на ВРС, Ратко Младиќ.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дневен хороскоп за 23-ти мај 2024-та

Следно

Најмалку 5 загинати, 50 повредени при уривање на бина на предизборен митинг во Мексико

Latest from Blog

Тајван: Воен камион што превезуваше американска ракетна опрема „Патриот“ излета од патот

ИСТАНБУЛ (АА) – Воен камион кој превезуваше американска ракетна опрема „Патриот“ денес излета од патот во Тајван, пренесува Анадолу. Камионот што превезуваше опрема за ракетите „Патриот“ од американско производство излета од патот

Нови средства за зелени проекти – Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Стратегијата 2025–2030 предвидува нови средства и подршка за зелени проекти – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), информираат од Министерството

Поднесено обвинение за бесправна градба во Скопје – хотел изграден без дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 60-годишник, во текот

Да помогнеме македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава, се бараат дизајнери, волонтери и донации

Група информатичари и волонтери ги вложуваат сите свои знаења и капацитети да го подготват македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава и да стане автентичен и препознатливо самостоен јазик кој ќе си
Go toTop