Генералниот секретар на ОН: „Во Газа насекаде е потенцијална зона на убивање“

July 16, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изрази загриженост поради моментната ситуација во Појасот Газа, нагласувајќи дека „никаде не е безбедно“ во опколената енклава, јавува Анадолу.

„Екстремното ниво на борби и пустошење во Газа е несфатливо и неоправдано… Насекаде е потенцијална зона на убивање“, истакна Гутереш преку платформата X.

Крајно време е страните во конфликтот да покажат политичка храброст и политичка волја за конечно постигнување договор, додаде тој.

Портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик, исто така, рече дека ОН ги повикуваат сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното хуманитарно право и да водат константна грижа „да се поштедат животите на цивилите и цивилните објекти“.

„Понатаму можам да ви кажам дека ние и нашите хуманитарни партнери продолжуваме да им помагаме на семејствата што се раселени од Северна Газа во областите на југ“, изјави тој пред новинарите.

Дужарик рече дека Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопштила дека со секоја нова директива за евакуација, семејствата во Газа се принудени да направат невозможен избор: да останат и покрај воените дејства или да бегаат во области со малку простор.

„Нема безбедно место во Газа. Ниту засолништа, ниту болници, ниту таканаречените хуманитарни зони“, нагласи тој.

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 38.700 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 89.000 се повредени.

Повеќе од девет месеци од почетокот на израелскиот напад големи делови од Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред почетокот на копнената офанзива на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кинеско-руските поморски вежби насочени кон „безбедносните закани“

Следно

Силно невреме погоди делови на САД, без струја 460.000 домаќинства и бизниси

Latest from Blog

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за
Go toTop