Газа: Во израелските напади на Хан Јунис загинаа 55 Палестинци

December 21, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската војска во последните 24 часа уби 55 Палестинци во нападите во градот Хан Јунис на југот на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Како што јави државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелската војска продолжува со нападите во различни делови на Појасот Газа.

Во нападите на израелските сили во градот Хан Јунис на југот на Газа во последните 24 часа загинаа 55 Палестинци.

Многу Палестинци се убиени и повредени поради интензивното бомбардирање на градот Рафа на југот на Газа.

Во нападите во централните делови на Појасот Газа и подрачјето на Џабалија на север, исто така, има загинати и повредени Палестинци.

Тимовите за цивилна одбрана на северот на Појасот Газа објавија дека поради интензивното израелско бомбардирање не можат да стигнат до подрачјата каде што се мртвите и повредените.

Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во израелските напади од 7 октомври, соопшти вчера Министерството за здравство во Газа.

Повеќе од 8.000 од убиените во нападите се деца, а 6.200 жени.

Околу 52.600 Палестинци се повредени во тековните израелски напади.

Во соопштението се наведува дека под урнатините има околу 6.700 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата уапси крадец кој потоа заврши во „Бардовци“

Следно

Пронајдени бесправно исечени огревни дрва во ресенско, едно лице лишено од слобода

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop