Газа: Палестинска двојка се венча во бегалски камп среде израелските напади

February 17, 2024
1 min read

ДЕИР АЛ-БАЛАХ (АА) – Палестинска двојка се венчаа во бегалски камп среде израелските напади во опколениот Појас Газа, јавува Анадолу.

Откако избегале од нападите на израелската армија, Махмуд Хуза и Шајма Кузаат се засолниле на стадионот Ал-Дура во Деир ал-Балах во Газа.

Нивната свадбена церемонија се одржа на стадионот и на неа присуствуваа многу Палестинци кои живеат во кампот, како и роднини на невестата и младоженецот.

Израел го нападна Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што загинаа над 28.800 Палестинци и предизвикувајќи широко распространето уништување и недостиг.

Според ОН, израелската војна во Газа предизвика внатрешно раселување на 85 отсто од населението на палестинската територија поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови. Исто така, 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање на обезбедување хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Странец од Бангладеш кој работел на автопатот Охрид-Кичево, си ги зел документите и исчезнал

Следно

Учество на претседателот Пендаровски на дебатата „Дали Западен Балкан е дел од големата слика?“

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop