Газа: Најмалку 4 Палестинци загинаа во израелски напад на куќа во Кан Јунис

January 19, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 4 Палестинци се загинати, а голем број се ранети во израелските воздушни и копнени напади во градот Кан Јунис во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Според вестите што ги објави палестинската новинска агенција ВАФА, израелската војска ја гранатирала куќата на семејството Ал Кадими во градот Кан Јунис во Појасот Газа.

Според првичните податоци, во нападот загинати се најмалку 4 Палестинци, а голем број се ранети.

Израелските сили го продолжија интензивниот артилериски оган околу болницата Ал Амел во Кан Јунис, а цел на бројни воздушни и артилериски напади беше и центарот на градот.

Локалните извори потврдија дека израелските сили користеле бомби со бел фосфор во нападите на регионот Кајзан ал-Наџар на југот на Кан Јунис, како и дека извршиле напади во близина на болницата Абу Јусуф ал-Наџар во источниот дел на Рафа.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври. Во тие напади досега се убиени најмалку 24.620 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 61.830 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Под урнатините има загинати, но медицинските лица и тимовите на цивилната заштита не можат да дојдат до телата.

Во засолништата на раселените Палестинци во Газа поради лошите хигиенски услови преголемиот број луѓе на едно место, забележани се повеќе од 8.000 случаи на хепатит А.

Околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена, а околу 2 милиони луѓе се раселени во густо населената палестинска енклава поради недостатокот на храна и чиста вода.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тендери, неважечки пасоши и фиктивни фактури

Следно

Ердоган: Со првата вселенска мисија зачекоривме во „Столетието на Туркије“

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop