Гаши: Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згрешат ако ги разрешат членовите на Судски совет избрани од Парламентот

December 26, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието за правнички да не згрешиме. Не се исклучува можноста да почне постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет избрани во Собранието.

-Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови. Процедурата е одредена во Деловникот. Комисијата за избори и именувања како што ги назначила, на ист начин ќе бидат разрешени и така ќе оди назначувањето на новите членови на Судскиот совет. Од Комисијата за избори и именувања ќе зависи кога ќе почне процедурата, на дневен ред ќе биде штом има услови за тоа прашање, рече Гаши.

Посочува дека од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе зависи кога ќе почне процедурата. Потенцира дека на дневен ред ќе биде штом има услови за тоа прашање.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ја има како приоритет соработката со новата сириска администрација на полето на одбраната

Следно

Мицкоски: Недела треба да биде работен ден за оние кои ќе се договорат за повисока дневница или плата

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop