Гардијан: Прекумерната употреба на фосфор може да го наруши глобалното производство на храна

March 14, 2023
2 mins read

На нашата планета и се заканува „фосфогедон“, предупредуваат научниците, изразувајќи стравувања дека злоупотребата на фосфор може да резултира со недостиг на фосфатни ѓубрива што би го нарушило производството на храна на глобално ниво.

Прекумерната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, а со тоа се придонесува за климатската криза, пишува Гардијан.

Во исто време, процесот на испирање на фосфатните ѓубрива од полињата заедно со отпадните води, кои потоа се влеваат во реките, езерата и морињата, резултира со широко распространето цветање на алгите и создавање на водни мртви зони кои ги загрозуваат резервите на риби, предупредуваат научниците.

Дополнително, прекумерната употреба на овој елемент го зголемува ослободувањето на метан низ целата планета, истовремено влијаејќи на зголеменото глобално затоплување и растечката климатска криза предизвикана од емисијата на стакленички гасови.

-Дојдовме до критична точка. Можеби ќе можеме да се вратиме на стариот начин, но сега навистина треба да се вразумиме и да почнеме да го користиме фосфорот на многу помудар начин. Ако не го сториме тоа, ќе соочиме се со катастрофа која ја нарековме „фосфогедон, вели професорот Фил Хејгарт од Универзитетот Ланкастер.

Фосфорот бил откриен во 1669 година од германскиот научник Хениг Брант, кој го изолирал од урината. Се покажа дека е неопходен за живот. Коските и забите главно се направени од минералот калциум фосфат, соединение кое произлегува од него, а овој елемент е присутен во нашата ДНК и во клеточните мембрани.

-Едноставно кажано, нема живот на Земјата без фосфор, објасни професорката Пени Џонс од Универзитетот Бристол.

Глобалното значење на овој елемент е во неговата употреба – фосфорот го помага растот на земјоделските култури. Секоја година во светот се продаваат околу 50 милиони тони фосфатно ѓубриво. Оваа количина игра клучна улога во прехранувањето на осумте милијарди жители на нашата планета.

Но, поголеми наоѓалишта на фосфор се наоѓаат само во неколку земји: Мароко и Западна Сахара имаат најголеми количини, Кина е второто најголемо наоѓалиште, а Алжир е трето.

Зголемениот притисок врз наоѓалиштата ги натера експертите да се загрижат дека светот може да се соочи со намалени резерви на фосфор во рок од неколку години, оставајќи многу нации да се борат за да го набават за да го прехранат своето население.

Ваквите предвидувања загрижуваат многу аналитичари, кои се плашат дека неколку картели наскоро би можеле да го контролираат најголемиот дел од светските резерви, оставајќи го Западот многу ранлив на скок на цените. Резултатот би бил сличен на нафтената криза од 1970-тите.

Аналитичарите велат дека се однесуваме расипнички при користењето фосфати на нивите.

Изваденото ѓубриво, како и испуштањето отпадни води богати со фосфор, резултираат со големо загадување на водата и влијаат на штетното цветање на алгите.

Некои од најголемите слатководни подрачја во светот се исто така погодени од овој проблем, вклучувајќи го Бајкалското Езеро во Русија, езерото Викторија во Африка и езерото Ири во Северна Америка. Цветањето во Ири резултираше со целосна контаминација на водата за пиење во последниве години.

Исто како и на копно, фосфатите помагаат во растот на водните растенија, но нивниот раст го задушува цветањето на алгите, па затоа во овие области се формираат водени мртви зони.

А таквите кризи доведуваат до дополнителни еколошки проблеми.

– Климатските промени значат дека ќе има уште повеќе цветање на алги по единица фосфатно загадување поради потоплите временски услови, рече професорот Брајан Спирс од британскиот центар за екологија и хидрологија Мидлотиан.

– Проблемот е во тоа што кога таа алга ќе умре, таа може да се распадне и да почне да произведува метан. Значи, зголемувањето на цутот ќе значи дека повеќе метан ќе се пумпа во атмосферата, а метанот е 80 пати помоќен од јаглерод диоксидот кога станува збор за затоплување на атмосферата… Тоа е причина за вистинска загриженост, предупреди Спирс.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајчак: Ако не се формира ЗСО, нема да има ниту договор меѓу Србија и Косово

Следно

Судот го ослободи Драган Даравелски, пресудата му се укинува

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop