Галетановски: Секој што сака да биде градоначалник мора да излезе од филмот да исполнува партиски желби по цена на скопјани

January 5, 2025
1 min read

Секој што сака да е градоначалник мора да излезе од филмот да исполнува партиски желби по цена на скопјани, вели во интервјуто за ТВ24 поранешниот директор на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

-Ако некој е способен раководител или директор кој ја подигнал вредноста на инстутуцијата, тврдам дека нема да биде сменет, ако понуди деполитизација на целокупниот систем, деполитизација на градската администрација, додава тој.

Галетановски додава дека имаме администрација која наместо да ги решава проблемите на граѓаните тие буквално се занимаваат со политика, токму затоа е потребен градначалник кој ќе избере способни кадри, но и да воспостави добра комуникација со советничките групи.

-Сега во Градот владее хаос. Документите со кои аплицирав во Град Скопје на конкурсот за директор на ЗОО ми се изгубени. Град Скопје ги пратил по пошта да ми се вратат и до денеска ги немам добиено – вели Галетановски и посочува дека некои од документите му биле оригинал и најавува дека ќе тужи.

Тој додаде дека на крајот од месецот ќе заврши сондажата во СДСМ за кандидати за градоначалник на Скопје и од бројките на анкетите ќе зависи дали тој како претседател на скопската организација на СДСМ ќе биде кандидат од оваа партија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип

Следно

ДУИ: Ова не е изолиран инцидент – ова е координиран напад врз албанскиот јазик и правата на Албанците!

Latest from Blog

ВИДЕО: Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, порача премиерот Мицкоски по средбата со Зеленски

Премиерот на Република Македонија, Христија Мицкоски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција која што се оддржува во Германија оствари средба со украинскиот претседател Влодимир Зеленски. -Во Минхен остварив средба со претседателот

Неверојатно: Томас Франк за осум месеци работа го чини Тотенхем 26 милиони евра!

ФОТО: Tottenham Hotspur/FB Отпуштањето на Томас Франк по само осум месеци на чело на Тотенхем стана исклучително скап потфат за лондонскиот клуб. Данскиот тренер ќе добие висока отштета од 8 милиони фунти
Go toTop