Фудбалските легенди на Македонија и Бугарија со меч за Кочани

April 3, 2025
1 min read

Македонија и Бугарија уште еднаш ќе си подадат рака, за жртвите во една од најголемите трагедии во Кочани, во која 59 млади животи загинаа во страотен пожар во ноќен клуб. Хуманитарниот фудбалски натпревар ќе се одржи на 27 април на стадионот Спартак во Варна, информира Фондацијата „Национали 94“, која е организатор на настанот во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот кон средината на минатиот месец.

На натпреварот за тимот на Бугарија, кој ќе го води селекторот Димитар Пенев со помошникот Красимир Борисов, ќе настапат голем број играчи кои завршија како четврти на СП 1994 година во САД.

Тоа се Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Кременлиев, Златко Јанков, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Наско Сираков, Даниел Боримиров, Пламен Николов Бончо Генчев, Ивајло Јорданов, Илијан Кирјаков, Петар Михтарски, Петар Георг Александриков и Георги Георгиев, Красимир Балаков и Иваило Андонов кои според бугарските медиуми го потврдија своето учество.

На натпреварот за Бугарија ќе настапат и поранешните репрезентативци Радостин Станев, Елин Топузаков, Гошо Гинчев, Станислав Ангелов, Дончо Донев, Александар Александров-Кривија, Мартин Камбуров и Валери Божиов.

Македонија уште го крои тимот и прави листа со кои ќе се појави во Варна, а она што е сигурно е дека тренер ќе биде најтрофејниот Ѓоко Хаџиевски. Главна ѕвезда во тимот ќе биде легендата Горан Пандев кој сега е во улога на функционер во ФФМ, а се очекува да играат повеќе познати имиња од генерациите од осамостојувањето.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се продава „Соравиа“ со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, за над 22,4 милиони евра

Следно

Муцунски: Ветото поради билатерални прашања нанесува штети на целиот процес на проширување на ЕУ

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop