Фудбалскиот свет го загуби Џанлука Виали

January 6, 2023
1 min read

Фудбалскиот свет изминатиот период остана без големи ѕвезди. Синиша Михајловиќ ја загуби битката со леукемијата, а и Пеле не успеа да го победи ракот. Денеска и Џанлука Виали почина во 58-та година од животот

Легендарниот напаѓач на репрезентацијата и на многу клубови од Италија, Џанлука Виали почина утрово во 58-та година од животот. Пред пет години на Виали му бил дијагностициран рак на панкреасот, по што примил хемотерапија и извесно време одлично се справувал со болеста. Виали еднаш успеал да го победи ракот на панкреасот, но болеста пред извесно време се вратила во поагресивна форма.

Легенадрниот италијански фудбалер пред неполн месец ја извести јавноста дека ја напушта репрезентацијата во која беше помошник на Манчини со цел комплетно да се посвети на лечењето.

Кон крајот на годината бил хоспитализиран во Лондон, бидејќи здравствената состојба му се влошила. 

Џанлука Виали фудбалската кариера ја започна во Кремонезе, каде играше од 1980 до 1984 година. Од таму замина во Сампдорија од каде во 1992 година се пресели во Јувентус, а четири години подоцна во Челзи.

Со Јувентус во 1996 година ја освои Лигата на шампионите, а исто така двапати беше шампион на Италија, еднаш со Јувентус и еднаш со Сампдорија. Џанлука беше и најдобар стрелец на италијанската Серија А во 1991 година и на Купот на Италија во 1989 година, кога постигна тринаесет гола во тоа натпреварување.

Беше репрезентативец на Италија, а со „азурите“ освои бронзен медал на Светското првенство во 1990 година. Виали беше менаџер на Челзи, а работеше и во стручниот штаб на италијанската репрезентација. Тој беше помошник на Роберто Манчини со кого ја предводеа Италија до европската титула минатата година.

Фудбалскиот свет изминатиот период загуби големи ѕвезди. Синиша Михајловиќ ја загуби битката со леукемијата, а и Пеле не успеа да го победи ракот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска го честиташе Бадник: Да работиме оваа година да биде подобра од минатата

Следно

Честитка од министерот Спасовски по повод Бадник

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop