Фудбалерките на Арсенал обезбедија полуфинале во ЛШ со рекордна поддршка од трибините

March 27, 2025
1 min read

Фудбалерките на лондонски Арсенал се пласираа синоќа во полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако на домашен терен го совладаа Реал Мадрид со 3:0 (полувреме 0:0) и со вкупен резултат од 3:2 го елиминираа големиот фаворит за освојување на титулата.

Во полуфиналето, Арсенал ќе се соочи со минатогодишниот финалист, француски Лион, кој го елиминираше Баерн Минхен со вкупни 6:1.

Printscreen / www.arsenal.com

Фудбалерите на Арсенал го загубија првиот дуел во Мадрид со 2:0, а по првото полувреме без голови во Лондон се чинеше дека Реал Мадрид лесно ќе се пласира во полуфиналето.

Сепак, со три голови во почетните 14 минути од вториот дел, Арсенал целосно ја промени ситуацијата на теренот, а потоа го одржуваше водството до крајот на натпреварот.

Натпреварот во Лондон го следеа 22.517 гледачи со платени билети, што е рекорд во женската Лига на шампиони за еден четвртфинален натпревар.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНРВА: Во еден ден убиени повеќе од 180 деца во Газа

Следно

ДУИ: Ургентно формирање Парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop