Фрлена експлозивна направа кон полициски пункт во Северна Митровица, нема повредени

June 29, 2023
1 min read

Нема извештаи за повредени лица и причинета е само материјална штета

Експлозивна направа во раните утрински часови била фрлена на киоск во улицата „Колашинска“ во Северна Митровица, кој косовската полиција го користела како контролен пункт, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, вели дека во моментот на нападот во овој импровизиран пункт немало полицаец.

„Се верува дека експлозијата била предизвикана од пиротехнички средства во комбинација со запалив материјал“,

вели Елшани.

Тој рече дека нема извештаи за повредени и дека е причинета само материјална штета.

Еден ден претходно косовскиот премиер Албин Курти, придружуван од министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, ги посети полицајците во оваа општина.

Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, таа посета ја сметаше за провокација.

Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.

Во северно Косово од крајот на мај има зголемени тензии поради одлуката на косовските власти да ги преземат општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, со цел градоначалниците Албанци да имаат пристап до нивните канцеларии. Србите, кои го сочинуваат мнозинството во тие општини, остро се спротивставија затоа што ги бојкотираа априлските избори и не ги прифаќаат резултатите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 500.000 членови ја напуштија Католичката црква во Германија во 2022 година

Следно

Баерн го победи Јунајтед: Тухел добива нов стопер за 50 милиони евра!

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop