Фредерико Киеза се враќа во Италија

December 30, 2024
1 min read

Пред неколку дена медиумите во Италија пишуваа дека челниците на Аталанта се заинтересирани за фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, а сега е објавено дека клубот од Бергамо добил силна конкуренција.

Според информациите, и Наполи е заинтересиран за играчот од „Енфилд“ и италијански репрезентативец, кој не успеа да го докаже својот квалитет во Англија.

Киеза пристигна во Ливерпул на крајот на август годинава од Јувентус, но имаше проблеми со повреда, па од почетокот одигра само четири натпревари во сите натпреварувања, а на теренот мина едвај 123 минути.

Британските медиуми пишуваат дека Наполи бил заинтересиран за Киеза во текот на летниот преоден рок, но италијанскиот фудбалер на крајот решил да премине во Ливерпул.

Раководството на Наполи планира да го ангажира Киеза на позајмица до јуни следната година со можност за откупување на договорот на крајот од сезоната.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИФА го казни Шкупи

Следно

Лука Степанчиќ ја засили Висла Плоцк

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop