Францускиот „човек пајак“ се качи на кула висока 161 метар за мир во Палестина

November 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Францускиот алпинист Ален Робер, кој е познат како „човекот пајак“, се качи на деловната кула на „Тоталенержи“ со цел да привлече внимание на цивилните загуби во Газа, каде што продолжуваат израелските напади, и да упати порака за мир, пренесува Анадолу.

Според веста на „Ле Паризиен“, францускиот алпинист Робер истакна дека светските лидери треба да се состанат за решавање на палестинското прашање.

Робер со голи раце се качи на кулата на „Тоталенержи“, која е висока 161 метар, и се наоѓа во бизнис-центарот „Ла Дефанс“ во Париз.

Тој нагласи дека додека се качувал на кулата, мислел на лицата кои ги загубиле животите како резултат на израелските бомбардирања, и упати апел за мир во Палестина.

Инаку, Робер претходно 14 пати се качил на оваа кула, а по качувањето беше приведен од полицијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белград: Вучиќ и Бајрамов разговараа за економската соработка и инфраструктурните проекти

Следно

Ковачевски: Груевски треба да се врати во земјава за да се соочи со прaвдата

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop