Француски новинар: Израел брутално приведува и испрашува луѓе на окупираните територии во Сирија

January 10, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Силвен Меркадиер, француски новинар приведен од израелската војска на сириска територија, раскажа дека бил тепан и „брутално испрашуван“ од израелски војници.

Меркадиер, кој беше приведен заедно со сирискиот активист и адвокат Мухамед Фајад, за Анадолу говореше за инцидентот што се случил додека работеле во селото Хамидије.

Тој рече дека откако израелската војска се обидела да ги заплени нивните компјутери, брутално биле приведени со рацете врзани зад грб и со залепени усти.

Меркадиер раскажа дека израелската армија го однела во објект претворен во воена база на окупираната Голанска Висорамнина.

„Бевме принудени четири часа да седиме на земја со прекрстени нозе и со рацете зад грб. Бевме малтретирани, навредувани и понижувани од војниците“, рече тој.

Раскажа дека често биле испрашувани, заплашувани и постојано понижувани.

„Повеќепати бевме испрашувани, заплашувани и ни беа упатувани закани. Ме фрлија на земја и ме претепаа затоа што одбив да соработувам со војската за отклучување на мојот телефон“, додаде тој.

По сослушувањето Меркадиер рече дека ги однеле во друго село и ги ослободиле. Тој истакна дека нивните СИМ-картички, телефони, камери и мемориски картички не се вратени.

„Ми беше одземена опремата што ми е потребна за работа“, додаде тој.

Израелската армија ги приведе Меркадиер и Фајад на подрачјето на Кунеитра во Сирија на 8 декември 2024 година и тврдеше дека по сослушувањето двајцата биле ослободени заедно со нивните лични работи.

– Израелските напади и окупацијата на Сирија –

По интензивираните судири во Сирија на 27 ноември и падот на 61-годишниот режим на партијата Баас на 8 декември, се зголемија израелските воени напади врз земјата.

Израелската армија ја прошири својата окупација на Голанската Висорамнина, стигнувајќи на 25 километри од Дамаск.

Израел ја окупира сириската Голанска Висорамнина од 1967 година, а Договорот за недејствување меѓу Израел и Сирија од 1974 година ги утврди границите на демилитаризираната зона.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоилковиќ открива: Во министерството ги нема голчињата и кошот на Груби, но има многу криминал и аздис

Следно

ФОТО: Момче побегна од часови за да биде на фудбалски натпревар и стана хит на социјалните мрежи, родителите добија мејл од училиштето

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop