Француска и јапонска компанија заинтересирани за хидроцентралите Чебрен и Галиште

February 2, 2026
1 min read

Француска и јапонска компанија се обратиле до Министерството за енергетика со интерес за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, објави министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа потенцира дека, иако најдобро би било овие проекти да се реализираат како државни, проблем останува финансирањето.

– Секако дека е најдобро да биде државен проект, но буџетот не е во најдобра состојба. Ова е проект од најмалку една милијарда евра, чија реализација би траела од седум до десет години – рече Божиновска.

Хидроцентралите се стратешки важни за Македонија, бидејќи ќе обезбедат над 500 мегавати нова инсталирана моќност, како и две акумулации кои ќе служат за наводнување и вода за пиење. Министерката најави дека во следните два месеца ќе има поконкретни информации за проектот.

Таа посочи дека во тек е и еден голем енергетски инвестициски циклус во вкупна вредност од 5,7 милијарди евра, со прифатени 67 иницијативи – 59 фотоволтаични централи, една гасна централа и 96 складишта за електрична енергија. Батериските системи ќе овозможат складирање на енергија во периоди на вишок и поефикасно тргување со струја.

– Ова не е само список на желби, туку иницијативи од сериозни инвеститори, вклучувајќи проекти на државната ЕСМ – нагласи Божиновска, додавајќи дека реализацијата зависи од низа фактори, како време за документација, транспорт на опрема и финансирање.

Меѓу проектите е и гасна централа во Вардарскиот регион, за која интерес изразила компанијата „Статус енерџи“. Министерката посочи дека се прави акциски план за дистрибутивната гасна мрежа во земјава, но деталите околу нејзината реализација сè уште се разгледуваат.

Сè уште се користат и постари документи за Чебрен и Галиште, со кои се планира јавноправно-приватно партнерство, додаде Божиновска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Нелегално стекнатиот имот ќе се враќа во корист на граѓаните

Следно

Сведокот Марковски: Задниот излез во дискотеката бил нефункционален по реновирањето

Latest from Blog

МОРНАР ТРЧАЛ ПО ПАЛУБАТА и случајно ја открил локацијата на француски носач на авиони

Локацијата на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ беше откриена речиси во реално време откако еден морнар го сними своето трчање на палубата користејќи го популарниот фитнес тракер „Страва“. Безбедносниот пропуст

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во
Go toTop