(ФОТО+ВИДЕО) Повеќе од 100 карабинери учествувале во апсењето на Месина Денаро, добија аплуази од граѓаните кои ја слават акцијата

January 16, 2023
2 mins read

Италијанската премиерка Џорџа Мелони им се заблагодари на карабинерите за нивната работа во приведувањето на „најважниот член на мафијашката криминална група“. „Ова е голема победа за државата“, изјави таа.

Повеќе од 100 добро вооружени припадници на италијанската полиција учествуваа утрово во акцијата во која беше уапсен најбараниот мафијашки бос во земјата – Матео Месина Денаро, кој беше во бегство три децении.

Најбараниот мафијашки бос во Италија, Матео Месина Денаро, фотографиран при спороводот по апсењето од страна на карабинерите / Фото: EPA-EFE/CARABINIERI HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Според италијанските медиуми, Денаро е уапсен пред 10 часот, додека бил на лекарски третман во приватна клиника во главниот град на Сицилија, Палермо.

„Денес, 16 јануари, карабинерите… го уапсија бегалецот Матео Месина Денаро во санитарна установа во Палермо, каде што отишол на терапевтски третман“,

изјави Пасквале Анџелосанто, генералот на националната полиција на карабинерите.

На видеоснимка објавена од италијанските медиуми може да се видат како луѓе стојат на улицата и им аплаудираат на карабинерите додека го спроведуваат Денаро со лисици на рацете.

За него се тврди дека е шеф на Коза Ностра.

Тој е осуден во отсуство на доживотна затворска казна за неговата улога во убиството на славните борци против сицилијанската мафија, обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.

Денаро, исто така, се соочува со уште една доживотна казна затвор за вмешаност во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе, што се случија една година подоцна, како и за киднапирањето, мачењето и убиството на 11-годишниот син на припадник на мафијата, кој стана заштитен сведок на обвинителството кое ги водеше случаите против озлогласената организација.

Денаро своевремено се сметаше за кандидат за шеф на шефовите на сицилијанската мафија, по смртта на Бернардо Провенцано во 2016 година и Салваторе Тото Рина, во 2017 година.

Тој, според информациите, го надгледувал рекетирањето, нелегалниот бизнис со одлагањето отпад, перењето пари и трговијата со дрога за моќната Коза Ностра. Денаро наводно бил штитеник на Салваторе Тото Рина, шефот на кланот Корлеоне, кој беше уапсен во 1993 година, по 23 години во бегство.

„Самиот пополнував гробишта“,

неславно тврдеше еднаш Денаро.

Иако Месина Денаро беше во бегство од 1993 година, се сметаше дека тој сè уште им издава наредби на своите подредени од различни тајни локации.

Во текот на децениите, италијанските истражители честопати беа блиску до фаќање на Денаро, познат и по прекарот Дијаболик, преку следење на неговите најблиски соработници. Ова резултираше со апсење на неговата сестра Патриција и неколку други негови соработници во 2013 година. Полицијата, исто така, успеа да осуети вредни бизниси поврзани мафијашкиот бос оставајќи го сè поизолиран.

Карабинери го водат Месина Денаро, познат и по прекарот Дијаболик / Фото: EPA-EFE/CARABINIERI HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Како што пишува Би-би-си, поради малиот број фотографии од Денаро, полицијата во потрагата по него морала да се потпира на дигитални реконструкции на неговото лице за да има претстава како неговиот изглед се менувал во текот на години поминати во бегство.

Снимка од неговиот глас беше објавена дури во 2021 година.

Честитки и изрази на почит за работата на полицијата и вооружените сили пристигнуваат од целиот политички спектар во Италија.

Џан Карло Касели, судија и поранешен јавен обвинител, рече дека апсењето на Месина Денаро е „исклучителен… едноставно историски настан“, што може да доведе до значаен развој во тековните истраги за бомбашките напади во 1993 година, во кои загинаа десет луѓе ширум Италија.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони им се заблагодари на вооружените сили за нивната работа во приведувањето на „најважниот член на мафијашката криминална група“,

„Ова е голема победа за државата“,

изјави Мелони.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повторно поставен знакот „Ја сакам Кисела Вода“

Следно

Нов Зеланд се соочува со промени предизвикани од затоплувањето на морето

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се
Go toTop