ФОТО Затворена раскрсницата пред Зоолошка градина: „Нашите градови се небезбедни, тоа мора да се промени“

February 9, 2025
1 min read

Групата „Кој е следен?“ оформена по смртта на Фросина Кулакова од страна на Васил Јованов, и која организираше протести во изминатите неколку денови, денеска ја затвори раскрсницата пред Зоолошка градина, како знак на обединување и да испратат недвосмислена порака – безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност.

„Нашите градови се небезбедни! Тоа мора да се промени!

На Уличниот форум „ЗОШТО НАШИТЕ ГРАДОВИ СЕ НЕБЕЗБЕДНИ?“, ги собираме сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура.

Со затворање на раскрсницата пред Зоолошката градина, се обединуваме со пошироката и стручна јавност и испраќаме недвосмислена порака – безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност.

Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и се движиме секојдневно.“, стои во соопштението.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓани на Карпош: Барем да ги засрамиме тие што возат по пешачки патеки

Следно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори

Latest from Blog

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на

Божиновска: Државата тргнува во енергетски бум – Усвоен план со инвестиции од 5,7 милијарди евра

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Божиновска: Инвестиции од 5,7 милијарди евра ќе ја трансформираат енергетиката во 2026

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од
Go toTop