(ФОТО) Во Сопот отстранета плочата со картата на „голема Албанија“

November 7, 2023
1 min read

Како што јави телевизија Сител, вклучувајќи се во живо од Сопот, пред објектот е останат само каменот на кој била закачена мермерната плоча со спорната карта

Отстранета плочата со картата на „голем Албанија“ од пред меморијалниот центар на ОНА во Сопот, Фото: Сител/Али Ахмети/Фејсбук

Плочата на која беше прикажана карта на „голема Албанија“ лоцирана пред меморијалниот центар во Сопот, е отстранета, јави Сител телевизија.

Како што јави телевизијата, вклучувајќи се во живо од Сопот, пред објектот е останат само каменот на кој била закачена мермерната плоча со спорната карта.

Каменот на кој беше поставена мермерната плоча со картата на „голема Албанија“ пред меморијалниот центар на ОНА во Сопот, Фото: Сител

Викендов во кумановското село Сопот беше отворен музеј во рамки на меморијалниот комплекс кој е посветен на жртвите од нападот во Сопот на 4 ноември 1944 година. На настанот присуствуваше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој потоа на Фејсбук објави фотографии од музејот, а под нив напиша:

„Нашата слобода е заснована во крвта на најдобрите синови и ќерки на нашата нација, во големината на нивниот патриотизам. Вечен нека им е споменот! Слава на сите маченици и маченици на нацијата!“

Фотографијата со картата на „голема Албанија“ предизвика бурни реакции во јавноста, а премиерот Димитар Ковачевски истакнувањето на картата го оцени како задоцнето 145 години. Ако нешто може да ги отслика односите на Балканот пред 145 или пред 200 години, оцени Ковачевски, се такви слични карти што ги има секоја балканска држава.

Ваквите настани, рече Ковачевски, секогаш со право предизвикуваат бура реакции кај граѓаните.

„Сметам дека она што ние денес го имаме како општетство воопшто не ги прави релевантни таквите мапи бидејќи по 2001 година, по влегувањето во НАТО, ние во нашата држава имаме други мапи коишто се релевантни, а тоа е мапата на државите членки на НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ, мапата којашто ние ќе ја имаме и се надевам сите други земји од Западен Балкан – мапата на обединета Европа. Тоа е единственото нешто што треба да го обединува целиот Балкан, а сè друго е 145 години задоцнето“,

изјави премиерот Ковачевски.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски преку соопштение испратено до јавноста информираше дека објектот е дивоградба и дека општината нема издадено документација за градба. Според него, објектот е изграден на државно земјоделско земјиште.

Тој најави дека ќе поднесе пријава до полиција против непознат сторител за нелегално изграден објект.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

На владина седница усвоена информација за промена на програмата на Зелени градови на Европската Банка за обнова и развој

Следно

Меџити: Абдуш Демири е кандидат на албанската опозиција за член на ДИК

Latest from Blog

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако
Go toTop