(ФОТО+ВИДЕО) Тргнавме по „Илинденска“ пред почетокот на неформалната вечера на ОБСЕ – булеварот пуст, движење е возможно само од левата страна

November 29, 2023
3 mins read

Екипата на „360 степени“ вечерва, еден час пред почетокот на неформалната вечера која се одржува во хотелот „Александар палас“, направи обиколка по „Илинденска“ со цел да видиме до каде можеме да се движиме

Северна Македонија е домаќин на најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ што се одржува од денеска до 1 декември во спортската сала „Борис Трајковски“, во Скопје.

На овој настан се очекува да присуствуваат околу 1 000 делегати со 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на Организацијата.

Министерскиот совет започна вечерва со неформална вечера на која, како што беше најавено, ќе учествуваат дел од шефовите на дипломатиите на државите учеснички на ОБСЕ.

За таа цел, како што информираа од МВР, од денеска од 13 часот, затворени за сообраќај се неколку булевари, а во сила е посебен сообраќаен режим кој важи за главните сообраќајници околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што се одржува состанокот.

Екипата на „360 степени“ вечерва, еден час пред почетокот на неформалната вечера која се одржува во хотелот „Александар палас“, направи обиколка по „Илинденска“ со цел да видиме до каде можеме да се движиме.

Тргнавме од улицата кај Машински факултет која води кон булеварот „Илинденска“, на раскрсницата кај гимназијата „Орце Николов“. Оваа улица беше затворена за сообраќај, а на семафорите беше видливо присуство на униформирани полицајци.

Раскрсницата кај Машински факултет кон булеварот „Илинденска“, фото: „360 степени“

По булеварот забележавме неколку возила со полициска придружба кои се движеа кон СЦ „Борис Трајковски“.

Оттука се упативме по пешачката патека на која не можевме да видиме многу луѓе, единствено неколкумина, кои џогираа или ги шетаа своите кучиња. Но, затоа имаше зголемено присуство на полиција вдолж целиот булевар.

Пешачката патека вдолж булеварот „Илинденска“, фото: „360 степени“
Пешачката патека долж булеварот „Илинденска“, фото: 360 степени

Стигнавме до раскрсницата кај МИ-ДА и спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што стоеше униформиран полицаец. Улицата кон булеварот „Партизански одреди“ беше затворена за сообраќај.

Расксрницата кај МИ-ДА кон булеварот „Партизански одреди“
Расксрницата кај МИ-ДА кон СЦ „Борис Трајковски“

Го прашавме полицаецот дали можеме да поминеме преку мостот, на што ни одговори:

„Да, можете да тргнете натаму, но колегата од другата страна на семафорот веднаш ќе ве сопре и ќе ве врати назад“.

Го прашавме каде можеме да се движиме, на што ни посочи дека можеме слободно да пешачиме, но само од левата страна на булеварот.

Продолживме понатаму. За тоа време, постојано поминуваа возила со полициска придружба, а забележавме и „шатл“ автобуси од некои од хотелите кои носеа гости кон хотелот „Александар палас“. Целиот простор околу спортскиот центар е ограден и обезбедуван од полиција, или што би се рекло „пиле не може да прелета“.

Влезот во СЦ „Борис Трајковски“ од страна на лизгалиштето, фото: „360 степени“
Влезот во СЦ „Борис Трајковски“ од страна на лизгалиштето, Фото: „360 степени“

Оттука се обидовме некако да најдеме пат за да го заобиколиме спортскиот центар од страната кај болницата „Аџибадем Систина“ со цел да видиме дали можеме од таму да поминеме некако кон хотелот „Александар палас“. Влеговме во уличката пред бензинската „Макпетрол“. Таму наидовме на паркинг и кафеана за која еден униформиран полицаец ни кажа дека работи, но не можевме да забележиме гости.

Од кафeaната се упативме лево со цел да најдеме некоја уличка која ќе нè одведе кон болницата „Систина“. Во тој момент слушнавме како некој вика по нас. Две лица ни се приближија со прашање, каде одиме. Тие ни извадија полициски значки, а ние извадивме новинарски легитимации и уредно се претставивме. Им објаснивме дека правиме репортажа со цел да видиме каде можат луѓето да се движат и ги прашавме дали можеме да се упатиме кон „Систина“ и оттаму кон „Александар палас“. Ни одговорија дека тоа е невозможно бидејќи целиот Кеј е затворен за движење.

„Имате слобода на движење, но од левата страна на булеварот. Колегите може да ве сопрат и да ве прашаат каде одите“,

ни рече полицаецот.

Се поздравивме и го продолживме нашиот пат по левата страна на булеварот „Илинденска“ кон Градската општа болница „8 Септември” (поранешна Воена болница). И улицата кај болницата беше затворена за сообраќај.

Улицата кај Воена болница, фото: „360 степени“

Одлучивме да се вратиме назад, секако одевме од левата страна на булеварот.

За тоа време гледавме само како возила со полициска придружба итаа кон хотелот „Александар палас“, веројатно со гости, странски делегации кои присуствуваат на неформалната вечера во рамки на 30. Министерски совет на ОБСЕ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Британска поддршка за натамошен развој на нашата демократија

Следно

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини

Latest from Blog

АПИС апелира до Владата да не го предлага новиот закон за игри на среќа во Собранието: „Предизборната реторика ќе ја загрози одржливоста на регулативата!“

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС апелира до Владата да не го предлага новиот драфт на закон за игри на среќа во собраниска постапка. Поучени од претходните искуства, сметаме

ХАРИСОН ФОРД ЈА ДОБИ ПРВАТА НОМИНАЦИЈА ЗА ЕМИ ВО 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРА

Холивудската легенда Харисон Форд ја доби првата номинација за ТВ-наградата Еми во 50-годишната кариера. 83-годишниот Форд ги играше некои од најзначајните ликови во филмската индустрија, како Индијана Џонс и Хан Соло. Синоќа

Народна банка воведува фиксни такси: Поевтини електронски плаќања и заштеда за државата

Советот на Народната банка на седницата одржана на 15 јули 2025 година изгласа целосно нов модел за тарифирање на услугите што банките ги плаќаат за извршување и порамнување плаќања во Македонскиот интербанкарски платен систем

Се уште гори на две локации – во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола

До 08:00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот

Најмалку 13 Палестинци се убиени во најновите израелски напади врз Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 13 Палестинци се убиени, а повеќемина повредени, вклучувајќи и деца, во израелските напади врз Појасот Газа денес, јавува Анадолу. Според болнички извори и очевидци, израелската армија утрово извршила
Go toTop