ФОТО + ВИДЕО | СО ЧЕКАН ВО РАЦЕ: Израелски пратеник го урна палестинскиот споменик на Западниот Брег

August 26, 2026
1 min read

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, заедно со неколку соработници, со чекани го срушил споменикот посветен на загинатите Палестинци во селото Мадама на Западниот Брег, при што инцидентот предизвика осуди и од израелската армија и од политички претставници.

На видеото прво објавено од палестинските медиуми, се гледа војник како стои до Сукот, член на партијата Религиозен ционизам, и други мажи кои удираат во споменикот. Други војници стоеја малку подалеку, до военото возило.

Израелската војска соопшти дека посетата на Сукот била одобрена, но дека пратеникот и неговите соработници дејствувале „измамнички и манипулативно“ за време на обиколката кога почнале да го вандализираат споменикот.

СПОМЕНИКОТ ОСТАНАЛ ИСПРАВЕН, НО БИЛ ЗНАЧИТЕЛНО ОШТЕТЕН.

Сукот подоцна го објави своето видео од уништувањето на селскиот „Споменик на мачениците“, на кој се испишани имињата на десет Палестинци од селото, со датуми на смртта од 1930 до 2004 година. Избледени букви на дното од споменикот пишуваше: „Подарок од другарите на Народниот фронт“, што се однесува на палестинската терористичка група одговорна за киднапирањата и масакрите.

Фотографиите објавени од палестинските медиуми по инцидентот го покажуваат споменикот како сè уште стои, но значително е оштетен. Сукот во соопштението изјави дека реагира бидејќи Израелските одбранбени сили (ИДФ) не го отстраниле него и другите споменици на Западниот Брег што ги величат палестинските терористи, и покрај неговото претходно барање.

„Нема да поддржиме ситуација во која оние што им наштетија на Евреите и војниците на ИДФ се слават како херои“, нагласи тој, повикувајќи ја војската да ги отстрани она што го опиша како „сите споменици на тероризмот“ на Западниот Брег.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадинов: Да се намалат платите на функционерите и да им се даде на земјоделците за пиперката

Следно

Ц. Звезда го продаде Дуарте во бразилски Васко де Гама за 1,5 милион евра

Latest from Blog

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop