(ФОТО+ВИДЕО) Поплави во Србија: Сообраќајот кај Краљево во прекин, дел од автопатот однесен од вода

June 16, 2023
1 min read

Потопени се населените места кон Доња Жупа, од Велика и Мала Врбница кон Александровац. Машини и членови на Итниот штаб заедно со мештаните се обидуваат да спасат што може да се спаси. Во оваа општина од 6 јуни е во сила вонредна состојба

Србија деновиве се соочува со големи проблеми предизвикани од поројниот дожд, а вонредна состојба е прогласена во 35 градови и општини, јавуваат српските медиуми.

Водата го однела мостот во градот Адрани кај Краљево, сообраќајот кон Чачак е во прекин. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија.

Поради обилните врнежи од претходните денови надојдени се сите водотеци во Краљево, предизвикувајќи големи штети на сообраќајната инфраструктура.

Фото: Новости / Г. Шљивиќ

Уништена е многу фреквентна автопатска делница, но за среќа, нема повредени, а под вода беа и неколку околни домаќинства, пишува порталот Новости.рс.

Драматични се сцените речиси во сите градови на округот Расин, каде од синоќа се води борба против новите врнежи и поројни дождови, додава порталот.

Потопени се населените места кон Доња Жупа, од Велика и Мала Врбница кон Александровац. Машини и членови на Итниот штаб заедно со мештаните се обидуваат да спасат што може да се спаси. Во оваа општина од 6 јуни е во сила вонредна состојба. Уништени се локални патишта.

Фото: Штаб за вонредни ситуации

Како што јавуваат дописниците на РТС од Краљево, поради обилните врнежи се излеал потокот Мусача во градот Адрани. Под вода се неколку куќи, а водата го однела и мостот на регионалниот пат поради што е во прекин сообраќајот меѓу Краљево и Чачак. Во прекин е и сообраќајот преку Опланиќ, па сега е невозможно да се стигне до Чачак.

Фото: Штаб за вонредни ситуации

Во Крагуевац поради обилен дожд поплавен е подрумот на хируршкиот блок на Ургентниот клинички центар, како и неколку улици во населените места Станово, Грошница и Велико поле.

Водата поплавила и педестина дворови. Поради обилни врнежи, на патот кон Вишеград во близина на тунелот Шарган се случил одрон на карпа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Во торнадо во Тексас загина едно лице, десетици се повредени

Следно

ОБВИНЕТИОТ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ВЛАХО КАЗНЕТ СО УСЛОВЕН ЗАТВОР ОД ЕДНА ГОДИНА И 360.000 ДЕНАРИ

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop