(ФОТО+ВИДЕО) Петмина загинати во авионот на крајбрежната стража во инцидентот на токискиот аеродром „Хенада“

January 2, 2024
2 mins read

Според првичните информации, се верува дека авионот на крајбрежната стража, кој пренесувал храна во областите погодени од силниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија, се судрил со патничкиот авион на „Џапан ерлајнс“, додека слетувал на пистата на аеродромот

Пет лица, кои се наоѓале во авионот на јапонската крајбрежна стража, загинале во инцидентот на токискиот аеродром „Хенада“, објави агенцијата АФП цитирајќи го јапонскиот министер за транспорт, пренесува Би-би-си.

Патничкиот авион на „Џапан ерлајнс“ во пламен на аеродромот „Хенада“ во Токио / Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY

Државната јапонска телевизија НХК, исто така, објавила дека во инцидентот има петмина мртви.  

Во медиумските извештаи, кои ги пренесува британскиот национален сервис, се наведува дека капетанот на воздухопловот на крајбрежната стража побегнал од местото, но е тешко повреден.  

Според првичните информации, се верува дека авионот на крајбрежната стража, кој пренесувал храна во областите погодени од силниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија, се судрил со патнички авион на „Џапан ерлајнс“, додека слетувал на пистата на аеродромот „Хенада“.  

Јапонските медиуми пренесоа дека пламен излегува од прозорците на патничкиот авионот и од под него, а гори и пистата. 

Во врска со инцидентот се огласија и од кабинетот на премиерот на Јапонија, Фумио Кишида, од каде што во објава на социјалната платформа Икс повикаа надлежните служби во најкраток можен рок да ја утврдат ситуацијата и предизвиканата штета.   

Кратко по ова, Би-би-си пренесе дека јапонскиот премиер во разговор со група новинари во живо на телевизија потврдил дека пет од шестемина члена на екипажот на авионот на крајбрежната стража загинале додека се обидувале да однесат помош на луѓето погодени од вчерашниот земјотрес.   

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

Тој им изрази сочувство на оние што загинаа додека се обидуваа да им служат на луѓето во неволја во областа Ното во префектурата Ишикав“. 

Инаку, сите 379 патници и членови на екипажот на авионот на „Џапан ерлајнс“ се безбедно евакуирани пред воздухопловот да биде целосно зафатен од пламен. 

Експерти за британскиот национален сервис ги пофалиле членовите на екипажот на патничкиот авион за брзата интервенција.  

„Јапонија има беспрекорно досие кога станува збор за безбедноста на транспортот“,

изјавил професорот Греам Брејтвејт, директор за транспортни системи на Универзитетот „Кранфилд“ во Велика Британија.   

Тој вели дека успешната евакуација покажува колку е вложено во обуката на екипажот.  

„Нивниот фокус е на безбедноста. Тие се последните луѓе што го евакуираа авионот и изгледа дека направиле неверојатна работа“,

додал тој.  

Противпожарни екипи го гаснат огнот што го проголта авионот на „Џапан ерлајнс“ / Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

Некои медиуми, повикувајќи се наводно известување на токиската противпожарна служба, пренесоа дека евакуацијата на патниците била извршена за 90 секунди.  

Светските медиуми и понатаму пренесуваат фотографии и видеа од авионот на „Џапан ерлајнс“ во пламен.   

Огромниот патнички авион изгорел до својата школка, а огромни облаци чад се издигаа кон ноќното небо во Токио.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсени две лица за поседување на дрога

Следно

Нови столчиња, масички и играчки во градинката во Бутел

Latest from Blog

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 22 декември 2025 година, индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи ниво од 10.114,76 поени,

Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Во текот на зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции. Покрај стандардните

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин
Go toTop