(ФОТО+ВИДЕО) Огнот на Родос повторно се разгоре, во гаснењето од воздух помагаат и екипи од Турција, Хрватска и Египет

July 24, 2023
1 min read

Од Крф, пак, во текот на ноќта евакуирани се 17 села и околу 2 500 лица се пренесени на безбедно

Пожар на Родос / Фото: EPA-EFE/GIOTA LOTSARI

На грчкиот остров Родос утрово повторно се разгоре жариштето во близина на селото Асклипио во југоисточниот дел на островот, а неофицијално огнените јазици веќе се стигнати до првите домови додека до жителите на две села веќе се испратени пораки за евакуација, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожар на Родос / Фото: EPA-EFE/GIOTA LOTSARI

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос утрово соопшти дека на островот интервенираат силни копнени сили, а од воздух на поширокото подрачје на пожарот периодично ќе оперираат осум авиони, од кои два од Турција и еден од Хрватска, како и десет хеликоптери, од кои три од Египет.

Во однос на пожарот на островот Крф, објасни дека преку бројот 112 за итни случаи биле евакуирани 17 села и 2 466 граѓани биле пренесени на безбедна локација. Досега, нема информации дека таму огнот стигнал до домови.

Во евакуацијата од Крф во текот на ноќта помогнале силите на грчката полиција, на противпожарната служба, на периферијата, како и на крајбрежната служба.

Во продолжение погледнете го видеото од евакуацијата кое го објави крајбрежната стража.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ФОТО) Се урна кров на училишна спортска сала во Кина, загинаа 11 лица

Следно

Aнчелоти задоволен од новата формација на Реал Мадрид против Милан

Latest from Blog

Весна Писаровиќ прв пат ќе гостува во Македонија

Една од најголемите хрватски поп ѕвезди Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што препознатливиот глас што ги одбележа

Ватикан поведе истрага против шпански бискуп обвинет за педофилија

Тоа е прв познат случај против шпански бискуп обвинет за педофилија. Жртвата летово испрати жалба, преку писмо адресирано до римската Дикастеријата за доктрина на верата, во кое ја опишал злоупотребата и побарал

Алиу: Ќе се интензивираат процесите на дигитализација и во сегментот на фармацевтските услуги

Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претседателката на Фармацевтската комора Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки Џоана Андоноска. На средбата, Алиу ја потенцираше дигитализацијата како еден
Go toTop