(ФОТО+ВИДЕО) Израелски одбранбени сили: Пронајден и уништен станот во кој се криел лидерот на Хамас

December 29, 2023
1 min read

Станот, кој се наоѓа на периферијата на главниот град на Газа, го пронашла 14-та оклопна резервна бригада, а подоцна е претресена од елитната борбена инженерска единица Јахалом, која пронашла и влез во тунел

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вечерва објавија дека пронашле и уништиле стан-скривница, која му припаѓала на лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, на северот од палестинската територија. Под станот имало и голема мрежа од тунели.

Станот, кој се наоѓа на периферијата на главниот град на Газа, го пронашла 14-та оклопна резервна бригада, а подоцна е претресена од елитната борбена инженерска единица Јахалом, која го пронашла влезот во тунелот.

ИДФ изјави дека во станот имало предмети што укажуваат дека Синвар го користел како скривалиште.

Влезот во тунелот долг 218 метри бил на длабочина од дваесет метри и имал неколку странични премини, јавуваат израелските медиуми.

Во тунелот имало снабдување со електрична енергија и вода, систем за филтрирање на воздухот, соба за молитва и друга опрема што им овозможувала на членовите на исламската екстремистичка група Хамас да останат скриени таму долго време.

Тунелот потоа беше уништен, објави армијата и објави видео на платформата Х.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не работи рентгенот во Градска болница Скопје – директорот вели дека не работи читачот на цедиња

Следно

Новогодишен караван во Кисела Вода, поделени 3000 пакетчиња

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop