(ФОТО+ВИДЕО) Избраниците од луѓето да работат за луѓето, а не против нив – порака од протестот против рудникот Иловица- Штука

July 15, 2023
3 mins read

Активистите најавија жестока битка за заштита на струмичката котлина. Велат дека ќе се борат на секое можно ниво – од општинските совети, па сè до највисоките државни истанци. Обвинија и за политички игри и порачаа дека жестоко ќе ги казнат на избори сите лицемерни актери

Протестот го поддржаа министерките за труд и социјална политика и за животна средина, Јована Тренчевска и Каја Шукова, на денот кога ИРЛ објави дека министерот Бектеши ги измамил колегите на владина седница, што поттикнало дел од нив да побараат ревизија на одлуката за спојување на концесиите

„Рудник на смртта преку нас мртви“ беше натписот на големото платно кое денеска се развеа на протестот против рудникот Иловица – Штука. Активисти и граѓани ја блокираа централната раскрсница во Струмица и со разни реквизити и инструменти правеа бучава, како што и беа повикани уште во најавата на протестот за да го прават тоа.

„Да се растропаме и развикаме, да можат да го слушнат нашиот глас и тие од ‘горе’ и да донесат конечна пресуда, да ја раскинат концесијата за рудник повеќе никогаш да нема“,

повика активистот Стојан Велков – Трн.

Демонстрантите се категорични дека немаат намера струмичката котлина да ја остават на, како што рекоа, „непријателите“. Најавуваат дека борбата ќе се води на секое можно ниво, почнувајќи од општинските совети, па сè до највисоките државни истанци.

Велков во својот говор им порача на граѓаните да не запаѓаат во рамнодушност, а на избраниците од луѓето, да не работат против луѓето.

„Најголемата битка што секој човек мора да ја издвојува е против она внатрешно и проклето чувство дека е ситен, дека е небитен, дека другите одлучуваат за неговата судбина и дека тие таму горе така решиле и дека така ќе биде. Затоа, човеку, со големо Ч напред – разбуди се! Не е време за апатија и малодушност. Избраниците од луѓето да работаат за луѓето, а не против нив. Тоа е света должност и одговорност“,

кажа тој.

Активистите обвинија и за политички игри и порачаа дека жестоко ќе ги казнат на избори сите лицемерни актери.

„Замислете како е можно за една иста точка за пропис од локален карактер, со која се задолжува општината, а не централната власт, да се даде негативно мислење за иницијативи за нови рудници, да се оспорува со месеци во две општини. Во една општина мнозинство е СДСМ, а во другата е ВМРО-ДПМНЕ… Каква е одговорноста на централната власт, на Владата која ги спои концесиите со дискрециона одлука? Ја знаеме играта за вин-вин сценарио, каде, ако има отпор за рудник, тогаш ќе има и договорена оштета, која е криминален заговор за легална пљачка на буџетот на сите граѓани на Македонија. Ниту за момент немојте да помислите дека рудник е можен во струмичко. Такво нешто ќе предизвика отворени масовни судири и дестабилизација на државата. Рудник нема да има, но немојте да мислите лесно ќе ги опљачкате граѓаните со договорните спогодби кои веројатно веќе се направени со посредство за структури блиски на ДУИ и нивните финансиери“,

рече Николко Танушев, активист на Коалицијата „Стига е“ и член на Советот на Општина Струмица.

На протестниот собир присутвуваа министерките Јована Тренчевска и Каја Шукова, пратеници од регионот, градоначалници, членови на општински совети и владиката Јаков од струмичката епархија на МПЦ.

Со реакција се јавија и од компанијата на „Еуромакс ресоурцес“.

„Само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани. Во таа насока е и нашата безрезервна подготвеност да се формира ‘Независно Мониторинг Тело’, во кое ќе бидат вклучени заинтересираните граѓански здруженија, локалната управа и експертите за да го следат процесот на реализација и работење на идниот рудник“,

велат оттаму.

Одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука на маса повторно го врати спорното прашање за кое екологистите и локалното население во струмичкото село водеа неколкугодишни битки со државата.

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) повикувајќи се на изјави на две министерки (Каја Шукова и Славјанка Петровска), денеска објави дека одлуката за спојување на концесиите дошла како дополнителна точка на владина седница, на предлог на министерот за економија Крешник Бектеши.

Министрите немале никакви прашања и сите гласале „за“ затоа што Министерството за економија на владина седница презентирало документ кој тврди дека Управниот суд барал од Владата да ги спои концесиите.

Овие нагли промени во владиниот став доаѓаат откако фамилијата Дестани, блиска до ДУИ и до лидерот Али Ахмети, купува удели во компанијата „Еуромакс рисорсис“, објави ИРЛ. Сепак, министерките се на став дека одлуката треба да се ревидира.

Вчера, министерката Шукова кажа дека спојување на концесиите е административна постапка, која не значи и зголемување на концесискиот обем.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Барса и Јунајтед казнети од УЕФА

Следно

Лионел Меси официјално потпиша со Интер Мајами до 2025 година.

Latest from Blog

Агенцијата на ОН за палестински бегалци: Газа се соочува со најинтензивно бомбардирање од Втората светска војна

ИСТАНБУЛ (АА) – Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека Газа се соочува со најинтензивно бомбардирање на цивили од Втората светска војна, јавува Анадолу. По повод одбележувањето на Меѓународниот

Тошковски: Жестоко и сурово ќе одговориме на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија

Сакам да упатам порака со сите оние кои што се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, жестоко и сурово ќе одговориме на било какви обиди. Впрочем, тоа

Мицкоски: Осуда за сквернавењето на македонското знаме, ќе одговориме најжестоко на секој обид за дестабилизација

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска зборуваше за вчерашниот инцидент каде што во главниот град се сквернавеше македонското знаме, на денот на прослава на албанското знаме. „Најостро го осудувам, сепак претставува чин на агресија,

Панче Тошкоски: Жестоко и сурово ќе одговориме на вакви дејствија што подгреваат меѓуетнички тензии

„Има најави и обиди кои ќе подгоруваат меѓунационална нетрпеливост, како што веќе сме најавиле и ова е доказ дека тоа се случува, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски по вчерашниот настан

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот Бизнис Муабети. -Пошта
Go toTop